На нецели 2 недели пред премиерата на The Transporter: Refueled, римјекот на култниот хит филм од 2002-ра година, (со Џејсон Стејтам во главната улога) пристигнаа повеќе клипови од најновата адаптација.
Сега со Ед Скрејн (уште еден англиски актер) во улогата „транспортерот“ Френк Мартин, екс оперативецот претворен во шофер, The Transporter: Refueled ќе ги содржи и Реј Стивенсон, Лоан Шабанол, Габриела Рајт, Ноеми Леноир во останатите улоги.
Премисата на The Transporter: Refueled е речиси идентична со таа од филмот од 2002-ра година. Мартин ќе добие задача да пренесе сомнителен „пакет“ на одредена дестинација, но ќе се изненади кога група на платеници на моќниот криминалец ќе бидат испратени по него за да го елиминираат него „и пакетот“.
Режисер на The Transporter: Refueled е Камил Деламар а како еден од ко-продуцентите и ко-сценаристите се јавува и Лук Бесон (ко-продуцентот и ко-сценаристот на оригиналниот Transporter филм).
Премиерата во САД е закажана за 4-ти септември, а до тогаш погледнете ги најновите видео клипови.