Каква мистерија крие загадочниот број 47?

Постои теорија дека овој број се појавува почесто од другите! Дали станува збор само за случајност или има нешто повеќе зад загадочниот број 47? Имено, во светот постои „Друштво 47“ тврди дека овој број има посебно значење, односно дека овој случаен број се појавува почесто од другите.

Споменатото здружение му се посвети на истражувањето на овој интересен феномен и тврди дека бројот 47 се појавува почесто од другите. Овој феномен за првпат бил забележан на колеџот Помона од професорот Доналд Бентли, кој сакал да ја докаже својата теорија за бројот 47 и неговата зачестеност. Иако многумина сметаат дека ова е само случајност или само обична интересна теорија, оние кои се нејзини приврзаници наоѓаат „докази“ кои им одат во прилог. Има многу примери, а некои од нив се - должината на пит-стоп патеката во Индијанаполис (47 стапки), Женевската конвенција ја потпишаа 47 држави, Садам Хусеин имал 47 бункери, за филмската награда Оскар право на глас имаат 47 членови...



Најновиот пример е „Хитмен: Агент 47“, новиот филм снимен според играта, чијашто премиера се очекува на 27 август. Овој акционен филм е во режија на Александер Бах, додека главните улоги ги толкуваат Захари Квинто, Руперт Френд и Циара Хиндс.

Зак Ефрон во улога на DJ!

Музиката ги исполнува нашите животи. За многумина од нас кога еден ритам ќе ти влезе под кожа, тогаш го попушташ звукот на омилената песна, или го бараш на Шазам, а многу често и го игнорираш звукот кој те опкружува. Честопати вистинската песна знае да те врати во минатото, да евоцира одредени спомени од некое место и време и ти дозволува да се пропатуваш во тој момент.



Во филмот „Ние сме ти пријатели“ Зак Ефрон ја толкува улогата на Кол, младо момче кое се труди да се пронајде себеси во животот, знаејќи дека има дарба за музика која ќе му помогне да го открие неговиот животен пат. Ефрон изјавува: „Тоа што ми се допаѓа во приказната е што кажува многу за тоа како е да си младо момче кое се спознава себеси, трудејќи се да ги исполни своите аспирации, големи сонови и низ што се треба да помине за да ги оствари соништата. Ништо не ми само така понудено на Кол, тој мора да го оствари тоа.“

На тоа режисерот Макс Џозеф додава: „Од секогаш сакав да направам филм за децата кои само што завршуваат средно школо или колеџ и продолжуваат со својот живот. Тие се наоѓаат пред бездната на полнолетството и се трудат да го одберат вистинскиот правец во животот, и покрај сите искушенија кои ги имаме во младоста: дрога, секс, забави, автомобили. И поради тоа што сите ние имаме некој „саундтрак“ во животот, објавувајќи го токму него во музичкиот свет носи една убава енергија во филмот. Без возбуден од можностите.“

Светски популарната игра претворена во епска анимација. „Змејовото гнездо: зората на воинот 3D“ пристигнува овој четврток во киното Cineplexx.

Трендот на филмови базирани на популарни видео игри е во полн ек и една од франшизите кои доживеаја филмска судбина е токму воој филм. Базиран на игра сместен е во убавиот свет кој пред многу време го создала божицата Алтеа. Под заштитата на два мистични змеа, светот се развивал во хармонија и просперитет. Меѓутоа, успехот на Алтеа предизвикал завист и огорченост во светот на боговите. Злите непријатели ја отруле божицата создавајќи хаос и страдање во некогаш мирната земја. Така почнува приказната на анимираниот филм „Змејовото гнездо: зората на воинот“ во 3D.



Режисер на филмот е Јуефенг Сонг, додека сценариото е на Бил Борден, човекот познат по филмовите „Невозможна мисија 3“ и „Десперадо“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...