Официјално отворено Lynx Animation Studio во Скопје

Lynx Animation Studio, компанијата за 2D анимација и видео игри официјално денес беше отворено во Скопје. Основана од Марко Угарковиќ и Алан Кастиљо, Lynx Animation Studio започнува со работа со 24 вработени и со опција да расте и да се развива со нови уметници и проекти.



Линкс е студио кое се занимава со комплетно авторска продукција на висококвалитетна 2D анимација и видео игри, развој на оригинални идеи и трансмедијални проекти. Во пријатна атмосфера и „тура“ низ просториите во Маџари, Гонзалес и Угарковиќ ни објаснија дека иако соработуваат со интернационални тимови од Франција, Италија па и Кина, со Lynx сакаат да ги промовираат и македонските таленти во оваа област, па затоа голем дел од тимот е составен од микс на македонски млади надежни (и искусни) уметници.



Lynx Animation Studio веќе беше дел од Annecy, еден од најголемите филмски фестивали за анимација, но и на Cross Video Days, Европскиот маркет за дигитални содржини, а на прашањето зошто нивната примарна цел била создавање на 2D анимација, насместо 3D техниката која е исто така доста популарна:

-По истражувањето на пазарот одлучивме да се свртиме кон 2D анимацијата. Поле кое не е премногу користено во Македонија, бидејќи веќе има компанија (FX3X) која работи со 3D техника и специјални ефекти.



Lynx веќе може да ги претстави проектите John Vardar VS galaxy, вселенската опера креирана од Михајло Димитриевски (воедно надворешен соработник во Lynx), но и Nincow анимираната серија за која допрва ќе слушнете повеќе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...