Шпионите, девојката и бакнежот што не се случи

Наслов:
The Man from U.N.C.L.E.

Режија:
Гај Ричи

Сценарио:
Гај Ричи и Лајонел Винграм

Улоги:
Хенри Кавил, Арми Хамер, Алисија Викандер, Елизабет Дебицки, Хју Грант...

Жанр: трилер/комедија

Година на издавање:
2015-та




The Man from U.N.C.L.E. е филмска адаптација на култната серија која во 60-те (од 1964-та до 1968-ма година) се емитуваше во САД. Во главните улоги на една од најдобрите ТВ серии во американскиот етер тогаш беа одличните Роберт Вон и Дејвид Мекалум. Американец и Шкотланѓанец. А сега?



Во 1963-та година, агентот на ЦИА, Наполеон Соло (Хенри Кавил) ќе добие необична задача од неговиот претпоставени. Да се здружи со „непријателот“ од КГБ Илја Кирјакин (Арми Хамер) на мисија за спасување на светот. Во таа мисија ќе ја инволвираат и Габи Телер (Алисија Викандер), ќерката на научникот најмен од Викторија Винчигиера (Елизабет Дебицки) да и направи приватна нуклеарна бомба. По првото запознавање на триото во источен Берлин, мисијата ќе ги однесе тројцата во Италија, но се нема да оди како подмачкано.



The Man from U.N.C.L.E. е овогодинешната дефиниција за доминацијата на стилот врз структурата. Дури и премногу, но за среќа филмот го имал Гај Ричи зад камерата. Што е одлично, бидејќи здружен со кинематографијата од Џон Матиесон, двајцата го креирале еден од визуелно најпрекрасните филмови на година.

Проблемот е што на моменти двајцата не знаеле кога и каде да пресечат и производот кој ни го сервирале е со непотребно долги сцени, а уште поразвлечено дејствие кое на моменти ни го намалува вниманието. Но, нема негирање дека во најголемиот дел Гај со камерата ни го прикажал најдоброто од неговиот талент (особено во акционите сцени). Знаеме дека го има, но во најголемиот дел од филмот зависи дали тој ќе ни го претстави во полн сјај.



И додека сме се’уште на темата „визуелна естетика“, изборот на актери исто така е мотивиран од неа. Кавил како Наполеон Соло и Арми Хамер како Илја Кирјакин се навистина солидни. Секој на својот начин успеал да го долови ликот, а со шармот и природната харизма на актерите дури и да го направат и на моменти „свој“. Тоа е особено точно за Кавил, чија природна привлечност и сексапил успеал со скроените костими и стиоцизмот во перформансот да ја стави во корист на  заводливата природа на самиот Соло.

Кај Русинот пак повеќе во преден план фасцинира љубовниот електрицитет и привлечноста со Габи, а сценаристите убаво си поиграле и со нашите нерви држејќи го нивниот бакнеж на стенд бај се до самиот крај. Сепак, Хамер одлично си ја заврши работата во улогата на Кирјакин, агентот на КГБ со краток фитил во темпераментот. И забележите дека сценаристите успеале да го донесат хуморот не само примарно од двајцата главни ликови, туку и од стереотипите за нивните односи во тој период.

Размислувањата, техниките на шпиунажа, па дури и модниот вкус. „Мајка Русија“ против „Чичко Сем“ и обратно.



Шведската актерка Алисија Викандер од друга страна е неуверлива како Габи Телер, „ првичното жртвено јагне“ во целата мисија, а не импресионира премногу ниту Елизабет Дебицки, како Викторија Винчигиера- главната негативка. Но, еден актер колку и да е кратко (а навистина мислам кратко) успева да го „украде шоуто“ со неговиот шарм и природен талент за класичниот „пош британски хумор’. Хју Грант. Тој е буквално 15 минути пред камерата (а со тоа и неговиот лик Вејверли) но го паметите многу повеќе.

Во заклучокот, The Man from U.N.C.L.E. е сосема задоволитен филм. Носен на рамената на харизматичниот кастинг, фантастичната кинематографија, еклектичната музика и мискот на цврста и иновативна режија, The Man from U.N.C.L.E. е гледлив (па и забавен) речиси колку што е визеулно прекрасен. Речиси.

С. Лазаревска

The Man From U.N.C.L.E. можете да го подгледнете во Cinepelexx кино-салите:

работни денови: 15:45, 18:00, 20:15, 21:15, 22:30
викенд: 13:15, 15:45, 18:00, 20:15, 21:15, 22:30



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...