Рокерката Мерил „на помош“

Наслов:
Ricki And The Flash

Режија:
Џонатан Деми

Сценарио: Дијабло Коди,

Улоги:
Мерил Стрип, Кевин Клајн, Мами Гамер, Рик Спринфилд...

Времетраење: 101 мин.

Жанр:
музичка драма

Година на издавање:
2015-та


Мерил Стрип и нејзината најстара ќерка, Мами Гамер во 2007-ма година глумеа заедно во драмата Evening. Гамер ја портретираше помладата верзија на ликот игран од Стрип, но сега во Ricki And The Flash, мајката и ќерка глумат... мајка и ќерка...

Рики (Мерил Стрип) е остарена рокерка во Калифорнија која преку ден работи како касиерка во супермаркет, а ноќе е вокалист на нејзиниот бенд The Flash. На репертоарот на The Flash се микс од рок класици од 70-те но и современи рок верзии на песните од Lady Gaga и Pink. Но, кога екс сопругот Пит (Кевин Клајн) ќе и се јави и ќе и соопшти дека нивната ќерка Џули (Мами Гамер) е во фаза на развод и ментален слом, таа веднаш ќе замине во Индијанаполис за да ја утеши но и да ја извади од депресијата. Но, нејзината посета нема да наиде на топол прием, со оглед на фактот дека Рики (родено име Линда) го напуштила семејството за да го исполни сонот да биде „рок ѕвезда“.



Ricki And The Flash има двајца оскаровци пред камерата (Стрип и Клајн) и двајца зад неа (Коди и Деми). И во теорија, ова требаше да биде еден од најдобрите филмови на годината, но во пракса е само уште еден медиокритетен филм во кој Стрип е фантастична и во глумата, и во вокалните изведби. И се разбира дека е... Дури и на 66 години, Стрип одбива да ги намали стандардите на нејзиниот талент и ни прикажува уште една маестрална улога. Таа може се.

Таа е бестрашна во кожните пантолони, гитарата во рака, а успева со глумата да го до-обликува и ликот на Рики, како што таа само умее. Со хумор и ранливост истовремено. Коди од друга страна пак, го изградила ликот на Пит да биде поларна спротивност на Рики не само во надворешниот изглед, туку и во неговиот карактер. Се разбира Клајн помогнал во тоа, а резултатот е пасивен, не-конфронтирачки стереотип од богатиот дел на било кој град во САД, нешто што гледаме дека Клајн беспрекорно може да ни го прикаже.



Мами Гамер е солидна како Џули, депресивната ќерка на Рики која се опоравува ментално по пропаста на бракот и обидот за самоубиство. Но сценариото од Дијабло Коди е тоа кое не знае што сака да направи не само од ликовите, туку и од филмот. Има толку многу што вредело да биде вметнато и во најмала рака доразвиено во филмот, ако само се намалел бројот на изведби на бендот. Развојот на љубовната врска на Рики со Грег (Рик Спрингфилд) е речиси непостоечки во најголемиот дел, а подоцна инстантно усилен и избрзан. Фокусот е ставен на Џули, на сметка на запоставувањето на останатите 2 деца на Рики. Даниел (Бен Плат) на пример е геј и го презира фактот што неговата мајка не ја одобрува неговата сексуална ориентација (базирано на нејзината конзервативна политичка определба), а Џошуа (Себастијан Стен) е тазе верен и веридбата ја сокрил од мајка си затоа што не сака да ја покани на свадбата. Но, тоа се „малите работи“. Буквално. Грег е речиси минорен лик, а синовите на Рики се само 10-на минути пред камерата што, се дури „микроскопски“.



Криво ми е што филмот повеќе не ја допрел темата за балансот на мајчинството и кариерата на секоја жена и тешките одлуки кои таа мора да ги донесе ако не може да го исполни тој баланс. Дали ние ја осудуваме Рики за одлуката да си го напушти семејството или пак ја подржуваме во обидот да го следи својот сон и кариерата која ја посакувала? Кариера која веќе е дел од нејзиниот животен стил? Но, најмногу од се ми е навистина криво што не видов повеќе од тоа што значи да се биде родител и конекцијата на Рики со децата на емоционално ниво. Забележете ја добро сцената на Рики со Морин (Одра Мекдонлад), втората сопруга на Пит. Тоа е само втора заедничка во целиот филм во која двете жени (поранешната сопруга и сегашната) се во директен контакт но таа многу ќе ви каже за тоа што значи да се биде родител.



А тоа да бидеме реално е Морин. Таа е родителот во вистинска смисла на зборот. Со поинаква боја на кожата ДА но, само таа може да се нарече тоа. РОДИТЕЛ! Рики можеби ги родила децата, но таа ги одгледала. Им дала стабилност и мајчинска љубов, а тоа нема врска со ДНК, ниту раса. Морин дури ќе биде и „поголемиот човек“ во уште една пригода при крајот на нивниот разговор (а искрено и при самиот филм). А, за тоа колку е мал придонесот на Рики во животите на семејството кое го оставила, погледнете ги погледите и коментарите на гостите кога Рики ќе пристигне на свадбата.

А зошто Рики ќе пристигне кога е persona non grata? Па како што објасни и прекрасниот шанкер во барот во кој настапува. „Every boy needs his mama“…

С. Лазаревска

Ricki An The Flash во киното Cineplexx игра секој ден од 16:30, 19:30, 20:45, 21:45 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...