Scorch Trials: Бегството низ пустошот

Наслов:
Maze Runner: The Scorch Trials

Режија:
Вес Бал

Сценарио:
Т. С. Новлин

Улоги:
Дилан О’Брајан, Томас Броуди Сенгстер, Роза Салазар, Каја Сколделарио, Џанкарло Еспозито, Ејдан Гилен...

Времетраење: 131 мин.

Жанр:
акција/трилер


По минатогодишниот хит филм Maze Runner, точно по една година пристигна и второто продолжение на франшизата. Сега насловено The Scorch Trials, зад камерата го има повторно Вес Бал, но пред неа покрај оригиналните „gladers“ сега и додатоци во „актерската екипа“.



The Scorch Trials започнува буквално таму каде што заврши првиот дел. Томас (Дилан О’Брајан) и остатокот од екипата од лавиринтот со хеликоптер се транспортирани во изолирани простории водени од Џенсен (Ејдан Гилен). Кога Томас и Арис (Џејкоб Лофланд) ќе забележат дека нешто не е во ред со организацијата во просториите, тие ќе направат своја „истрага“. Кога ќе ги најдат стотиците човечки експерименти, ќе сфатат дека се на WCKD. Време е време за бегање. Условите надвор од објектот се ужасни, но барајќи ги бунтовниците против WCKD, патот ќе ги однесе на повеќе дестинации.



Нема лавиринт во The Scorch Trials, но има доста трчање. Режисерот Бал и сценаристот Новлин (без помош од колегите од првиот дел) се обиделе да го направат продолжението „road филм“ повеќе отколку дистописки акционен трилер. Темпото на продолжението е повеќе прилагодено да возбудува во сцените кога тимот е во „брзина“ и не премногу кога е статичен. Но, не може да се негира дека кореографијата е одлично инкорпорирана во сет парчињата и CGI технологијата. Во истата таа кореографија Вес Бал солидно ја употребил и рачната камера, па токму со неа ни ја донел и екстра возбудата од акцијата која инаку е доста штура.



Проблемот не е во визуелниот приказ. Тој е солиден и дава повеќе слобода самите ликови и дејствието да се развијат, со промената на сценографијата, но сега во соло обидот на Новлин во сценариото, тој не ја искористил таа слобода. Самите ликови, а и дејствието се неразвиени до степен да ги кочат перформансите на главните актери. Што се однесува до споредните ликови... во нив се ставени одлични актери Ејдан Гилен како Џенсон, Џанкарло Еспозито како Хорхе, Патриша Кларксон како Ава Пејџ и Лили Тејлор како Мери. Последните две се буквално претворени во камео улоги, а толку многу можело да се стори со сите нив. Дилан О’Брајан во улогата на Томас е де-факто лидерот, а и поради природата на самото сценарио поконфузен во перформансот од претходно, но Ејдан Гилен е фантастичен како Џенсен. Можеби одбран поради клише одлука и можеби поради самото сценарио, неговиот лик е предвидлив во намерите. Сепак, не може да се негира дека Ејдан Гилен не знае да одигра злобен и амбивалентен лик. Затоа што... Да признаеме тоа може да го направи и во сон.



Има трошки на инклинација во ликот на Томас дека тој е стабилен лидер на кој може да му се верува, дека во него има стоицизам на херој, но и тој е оставен на 10% од развојот. Дури Новлин за момент се обидел да направи и „љубовен тријаголник“ меѓу Томас-Бренда-Тереза (Каја Скоделарио). И сo претставувањето на ликот на Бренда (Роза Салазар) е добиена таа можност, но и тој аспект е криминално неразвиен. Ја забележувате намерата, хемијата, партнерството, помошта при тешките моменти која ја пружаат Томас и Бренда... Сепак, по „психоделичната забава“ на Маркус, и таа идеја е за жал напуштена.



Но, во самиот финиш на The Scorch Trials можете да најдете повеќе теми на кои било посветено (многу) повеќе внимание, за разлика од претходните 100-на минути. Предавство, одмазда и „вистинската“ тимска работа.... Штета што тоа не е направено и низ целиот филм.

С. Лазаревска

Maze Runner The Scorch Trials можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

работни денови: 15:00, 17:30, 20:00, 22:30

 викенд: 12:20, 15:00, 17:30, 20:00, 22:30

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...