ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Јас и Ерл и девојката на умирање

Наслов:
Me and Earl and the Dying Girl

Режија:
Алфонсо Гомез Рехон

Сценарио:
Џеси Ендруз

Улоги:
Томас Ман, Оливија Кук, Роналд Сајлер, Кони Бритон, Ник Оферман...

Жанр: драма/комедија

Година на издавање:
2015-та



Me and Earl and the Dying Girl е инди хитот кој оваа година направи „чистка“ а доби и стечки овации на Sundance фестивалот во Јута. За жал, вториот долгометражен игран филм во кариерата на Алфонсо Гомез Рехон нема да го добие публицитетот спореден со филмовите поддржани од големите филмски студија. Но, тоа не треба да ве спречи да го знаете и да го погледнете. И еве зошто.



Грег (Томас Ман) е социјално чуден матурант од Пирсбург кој се труди „глатко“ да излезе од средношколските клупи. Да не биде дел од ниту една група. Да не создаде ниту пријатели, а ниту непријатели. Да остане анонимус.Заедно со Ерл (Роналд Сајлер) пријателот кој тој упорно го нарекува „колега“ го поминуваат времето создавајќи аматерски пародии на култни филмови. А, кога родителите (Кони Бритон и Ник Оферман) ќе му соопштат дека на неговата соученичка Рејчел (Оливија Кук) и е дијагностицирана леукемија, тие ќе го принудат и да се дружи со неа. Против своја воља и под притисок од родителите, тој ќе прифати, но нивната усилена дружба ќе добие поинаква насока.

-Видете, знам дека се подготвувате оваа слатка девојка да умре, но нема, вели Грег во една од сцените.

Тоа е лага. Не го сфаќајте како спојлер од мене, тоа го има и во самиот наслов на филмот, но по патот до неизбежното Џеси Ендруз, успеал сензитивната тема, да ја издигне и во неа да внесе доза на хумор, како лек против на моменти депресивната атмосфера. А, кој знае? Одлуката Грег да не излаже можеби е само продолжение на потребата од римејкови. Претходно во филмовите кои ги создава, а сега и во секојдневието. Нова верзија. Ние светот на Грег го осознаваме најмногу преку нарацијата, метод кој меѓу другото подобро ни ја прикажува состојбата на кофузија кај овој тинејџер.

И иако тоа е направено искрено и со реален однос „спуштен на земјата“ сценаристот не ни дава поглед на останатите ликови колку што би сакале. Нарацијата е во прво лице во 99% од филмот, а покрај Грег и Рејчел, останатите ликови не се доволно искористени. Тоа секако важи за Ерл, кој дури е и во самиот наслов на филмот. Сепак, требало сценаристот Ендруз да посвети повеќе време на инкорпорирање на неговиот лик бидејќи е еден од најдобрите, но не е искористен неговиот потенцијал за развој на приказната.



Всушност, ако размислам подобро нема лош лик во овој филм. Дури и тие споредните се маестрални, чудни и уникатни, колку и да се кратко и штуро претставени. Се разбира тука мислам на стонер професорот Мекарти (Џеј Бертнал) а нормално и родителите на Грег.

Прогресивни и алтернативни во животниот стил, тие се на прв поглед чудни како и нивниот син (крвта не е вода нели), но всушност ако подобро размислите тоа се одлични родители кои сакаат да бидат инволвирани во секој аспект од неговиот живот. Дури и премногу, но тоа е речиси секој родител ? И така доаѓаме до Рејчел (Оливија Кук), девојката на умирање, како што вели и самиот наслов.

Фантастично е колку Ендруз ја направил нејзината борба достоинствена. Дам по дијагностицирањето е збунета, исплашена, но повеќе за мајка и отколку за себе и нејзиното страдање, со една одлична карактеристика. Ендруз не дозволил да биде полна и со саможалување.



А ако нешто во Me and Earl and the Dying Girl успее да ве трогне, тоа е режијата на Рехон. Ниту една од техниките кои ги употребил (stop motion анимација, ниски кадри, брзи 180 степенски движења на камерата во вертикала и хоризонтала и долги непрекинати кадри на trolley cam) не се особено оригинални, но Рехон успеал да ги инкорпорира одлично во филмот, давајќи му свежа инди атмосфера, дури правејќи ја камерата на еден вид на нов лик кој не го гледаме. Ако ги анализирате сите посебно ќе видите влијание во техниката од Том Хопер, Пол Томас Андерсон, Вес Андерсон, Мишел Гондри, во неговата работа, но во фрагменти и инспирации, а не во „кражба“ на идеи. Рехон е на висина на задачата.

Второто дело на Рехон е солидно „инди“ парче на филмска уметност. На моменти со очигледни маани, но дело кое треба да го погледнете.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...