Everest: Човекот против планината

Наслов:
Everest

Режија:
Балтазар Кормакур

Сценарио: Вилијам Николсон и Сајмон Белфој

Улоги:
Џејсон Кларк, Џејк Џиленхал, Џош Бролин, Џон Хоукс, Емили Вотсон...

Жанр: авантура/трилер

Времетраење: 120 мин.

Година на издавање:
2015-та

На 10-ти и 11-ти мај 1996-та година, 8 планинари загинаа при спуштањето од врвот на планината Еверест. Сега по 19 години од трагедијата, Холивуд ни го донесе најновиот филм инспириран од настаните во мај 1996-та година. Филмот Everest е најновото дело на исландскиот режисер Балтазар Кормакур.



Во 1996-та година Роб Хал (Џејсон Кларк) ќе ја остави бремената сопруга Џан (Кира Најтли) за да ја предводи експедицијата до врвот на Еверест. Неговите клиенти се микс на искусни планинари како Јасуко Намба (Наоко Мори), која веќе се искачила на 6 од 7-те највисоки врвови на светот, но и аматери како Даг Хенсен (Џон Хоукс), Бек Ведерс (Џош Бролин) и Џон Кракауер (Мајкл Кели) новинарот и планинар од Outside магазинот. Во ескпедицијата ќе им се придружи Скот Фишер (Џејк Џиленхал) од ривалската планинарска компанија, но искачувањето нема да биде проблем за повеќето, туку спуштањето по снежната бура која ќе ги снајде.



Everest е комплетно задоволителен визуелен трилер. Бидејќи во 99% од филмот ни е прикажан екстериер, Кормакур се обидел со сигурната режија, кинематографијата на Салавторе Тотино и специјалните ефекти не само да ни ја долови грандиозноста на самата планина, туку и да ја направи и посебен лик во филмот.

Ареалните кадри од хеликоптер се доминатни, а во самото искачување до врвот ќе забележите и употреба од кран камера како и steady cam на дното на глечерите, но и во поинтимните моменти меѓу ликовите. Во недостаток од негативец во филмот, Еверест е токму тоа. Нас ни е кажано повторно и повторно од актерите дека треба да се плашиме од неа. Ние со време имаме и омраза кон неа, но и почит истовремено. Таа е ѕвездата на филмот, а да не споменувам филм во кој нема да најдете можеби повеќе ѕвезди од Холивуд на едно место.



И навистина, секој од нив го дава максимумот, и е неблагодарно да се издвои најдобриот во актерската екипа, но ако мора да се направам тоа би кажала дека Кларк, Џиленхал, Бролин и Хоукс се маестрални. Сепак, колку и да е Everest предизвик за актерите и за режисерот во обидот да ни ја долови болката, напорот на тие лица за да преживеат, сценариото од Белфој и Николсон, направиле неколку круцијални грешки во обликувањето на сторијата за таа да биде комплетна. Сценаристите очигледно биле свесни дека има премногу ликови во Everest и приватните стории биле фокусирани на само двајца ликови. Роб и неговата врска со бремената сопруга Џан (Кира Најтли) а и Бек со сопругата Пичес (Робин Рајт) во Тексас.

Комуникацијата во двата случаи е преку сателитски телефон, но нивниот однос е комплетно различен. Во останатите ликови за дел од нивната приватност дознаваме само од репликите без осврт на врските кои тие ги оформиле со роднините и блиските личности. Секој од нив споделува дел од приватноста, мотивацијата да дојдат на Еверест, но тоа е направено во прво лице и без потреба од роднините/пријателите. Ги гледаме нивните карактери, гледаме како аклиматизираат, како се спријателуваат, ги гледаме слабостите, доблести, приватните и професионалните истории и во одреден дел од нив и нивните последни мигови.



Сепак, и покрај недостатоците во сценариото, Everest е солиден филм за борбата на човекот против планината или можеби човекот против природата. Во случајот на Everest, природата и планината победија.

С. Лазаревска

Everest може да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

работни денови: 15:15, 17:30, 20:00, 22:30
викенд: 13:20, 15:15, 17:30, 20:00, 22:30



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...