„Гето легендата“ Том Харди




Наслов
:
Legend

Режија/сценарио: Брајан Хелгеланд

Улоги:
Том Харди, Емили Браунинг, Кристофер Еклстон, Тарон Еџертон, Чаз Палиминтери...

Времетраење: 131 мин.

Жанр: крими/драма

Година на издавање:
2015-та



Том Харди не мирува. Да, можеби годината ја започна со ужасниот Child 44, но подоцна тој ни го прикажа ремек-делото Mad Max-Fury Road, а сега и Legend, биографскиот филм за озогласените Креј браќа/гангстери од Ист Енд. Харди годинава ќе ја заврши со The Revenant, втората соработка на актерот со Леонардо ди Каприо (по Inception), но за сега да се фокусираме на Legend.



Во Legend, Харди има двојна улога. Тој ги портретира Рениџалд „Реџи“ и Роналд „Рони“ Креј. Идентични близнаци кои во 60-те години од 20-от век го „терорирзирале“ Лондон. Филмот го следи нивниот раст и пад, матните зделки, убиствата, уцените, безбројните обиди да станат чесни членови на општеството, и обидот на Леонард „Нипер“ Рид (Кристофер Еклстон) да ги стави зад решетки еднаш за секогаш.



Legend е нов обид на Том Харди да ни докаже дека знае да глуми. Не, знае, но трудот кој го вложил во Legend е евидентен. Го цениме тој труд. Сепак, Legend не е целосна „вина“ на Харди. Да, тој тука со двојната улога и двојно морал да работи на развивање на браќата Креј, но исходот е конфликтен и на моменти збунувачки перформанс во двата лика. Актерот го направил Реџи харизматичен и шармантен криминалец кој во најголемиот дел поседува морален код, скрупули и совест што не може да се каже за Рони. Уште на почетокот е легално прогласен за луд, а во еден период му е дијагностицирана параноидна шизофренија. Сепак, Харди има проблеми со прикажувањето на болеста, и повеќе се фокусирал на изгледот и изговорот на ликот. Со „Бејн“ назален призвук во тонот и забавен „развлечен“ изговор на репликите во дикцијата, да може да се забележи трудот во перформансот на Харди, но на моменти го води ликот во клише (читај Бејн). Сепак генерално ова е најдобриот труд на актерот по тој вo Bronson.



Сценариото е тоа кое има повеќе проблеми со себе-идентификација, а и прави филмот да не знае што сака да биде. За почеток, тоа премногу се осврнува на нарација од ликот на Френсис (Емили Броунинг) во водењето на дејствието, но истото нема јасно оформена линеарна прогресија за да имаме претстава колкав временски период е поминат од почетокот до крајот на филмот. Што е навистина штета бидејќи Legend е базиран на вистински настани, со вистински личности.



Како извор на хумор во Legend се искористени индискрецијата на Роналд, неговата сексуална ориентација, а и неговата ментална нестабилност. Но, меѓу повеќето сцени со борби, психотични испади и насилство (кои ги има во изобилие) забележете две урнебесни кои му даваат и помалку комичен призвук. Најпрво таа на браќата со ривалската банда во пабот, а подоцна и таа меѓу самите браќа во нивниот локал. Во тие најмногу ќе ја видите блискоста на браќата, нивната лојалност дури и кога се тепаат меѓу себе. Таа не се менува до крајот. Таа врска останува, што е за поздравување. Соодветна порција од дејствието е посветено на врската (и евентуалниот брак) на Реџи со Фенсис Шеј (Емили Броунинг), но како и остатокот од филмот и таму се евидентни „дупките“ во развојот на сториите. Втората причина за ова е и комплетниот недостаток на хемија меѓу Харди и Броунинг, но најголемата вина ја носи самото сценарио. Младата актерка е солидна во нејзиниот перформанс, но конекцијата со Харди е речиси непостоечка и покрај што од споредните актери, таа го одзема најголемиот „простор“. 



Во Legend има толку одлични актери во споредните улоги, а за жал им е посветено толку малку време за развој и прогрес. Еклстон како Рид, инспекторот на Скотланд Јард е круцијален во сторијата и наместо да ја видиме неговата мисија во ставањето зад решетки, неговиот лик е толку спорадичен, едноставно заборавате зошто е всушност во филмот. Тарон Еџертон како „Теди “ Смит, младиот љубовник на Роналд е криминално потценет, а истото може да се каже и за Чаз Палиминтери, Пол Бетани и Колин Морган. Триото од актери добиле по само неколку сцени, недоволно за да го прикажаат целосниот спектар на талентот.



Хелгеланд визуелно се обидел да ни го долови Лондон од 60-те, а благодарение на одличната кинематографија од Дик Поуп и фантастичниот саундтрак, успеал во најголемиот дел да го внесе и духот од тоа време. Напорот може да се забележи во кадрите на отворено, но не и во затворениот сет кој на моменти изгледа премногу вештачки, речиси театрален. Како за филм кој што не знае што сака да биде, нашите впечатоци по гледањето на Legend се подеднакво конфузни. Сепак, и покрај недостатоците, Legend е компелетно гледлив филм во кој може да се ужива додека дојдете до сумирање на тие впечатоци.

С. Лазаревска

Legend може да го погледнете во Cineplexx кино салите:


секој ден: 15:30, 18:00, 20:30, 23:00

вторник и среда: 15:30, 18:00, 19:00, 20:30, 23:00

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...