ДАЛИ ГО ГЛЕДАВТЕ CRIMSON PEAK?

Духови постојат - толку знам!

Наслов:
Crimson Peak

Режија:
Гиљермо дел Торо

Сценарио: Гиљермо дел Торо и Метју Робинс

Улоги:
Миа Вашиковска, Том Хиделстон, Џесика Частејн, Чарли Ханам...

Времетраење: 119 мин.

Година на издавање:
2015-та


Гиљермо дел Торо по пауза од 2 години (По Pacific Rim) ни го претстави најновиот филм, Crimson Peak. Без чудовишта и џиновски роботи, Мексиканецот сега се врати на основите -eдна куќа и духовите во неа.



Во Crimson Peak, Миа Вашиковска е Едит Кушинг. Надежна писателка на хорор романи и ќерка на богат индустријалец од Бафало. Фасцинирана од Томас Шарп (Том Хиделстон) мистериозниот аристокат од Англија. Шарп е дојден да бара инвеститори во САД, но ќе ја најде и Едит. Таа ќе се омажи за него и покрај противењето на нејзиниот татко Картер Кушинг (Џим Бивер), но брачната идила наскоро ќе се претвори во ноќна мора.  Едит, Том и неговата сестра Лусил (Џесика Частејн) ќе пристигнат во семејната куќа во Англија, и проблемите ќе започнат.

 –Чувај се од Crimson Peak!,  ја предупреди духот на мајка и на Едит за куќата уште додека беше дете. Но, таа со свои очи ќе ги види опасностите кои ги носи самата куќа или тие на луѓето во неа?



Гиљермо дел Торо со Crimson Peak ни прикажа визуелна поезија ставена на филмска лента. Предизвик е само да се гледа Crimson Peak, но пред се тоа е визуелно задоволство. Сепак, за филм од човек кој си ја изгради кариерата во жанрот хорор, во Crimson Peak има многу малку од него. Филмот е повеќе готска љубовна приказна која ни се открива како роман од Ен Рајс. Споро и стилски.



Првата половина од дејствието е само подготвување за втората.  Дури по 60-на минути започнува заплетот, а и тогаш ни се претставува и можеби најпрекрасниот лик, самата куќа. Фасцинантно е колку Дел Торо заедно со тимот на продукцискиот дизајн (кој заслужува Оскар) и кинематографот Дан Лаустен направиле куќата во Crimson Peak да изгледа прекрасно и застрашувачки во исто време. Таа буквално пропаѓа под тлото од црвена глина на ридот, има огромна дупка на кровот, но е можеби најдобриот лик во самиот филм. Да, таа е толку прекрасна и „жива“ што можеме да ја сметаме и за посебен лик во самата сторија. Лик за кој чекавме 60 минути за да го погледнеме и кој не не разочарува, како дел од тие од „крв и месо“.



Хиделстон и Вашиковска се солидни како сопружниците Шарп, но Чарли Ханам во улогата на докторот Мекмајкл е потценет со речиси не инспиративната улога. Тој е „спасителот“ на Едит, но неговата истрага/потрага се додека не пристигне до куќа е спорадична и недоволно прикажана. Но, обрнете внимание на Частејн во улогата на Лусил Шарп. Актерката е „дар“ за Дел Торо во улогата на Лусил, бидејќи тој успеал само со сценариото да ни донесе 10% од ликот. Џесика со талентот придонесува во останатите 90%. Само погледнете ја сцената кога ја храни нејзината нова снаа во креветот. Да во неа се употребени оld school методите (шкрипењето на лажицата од чинијата), но самата актерка придонесува за стравот во самиот филм. Понекогаш дури повеќе и од самите CGI духови кои ги гледаме. И токму тоа е фасцинантното во Crimson Peak. Духовите не влеваат страв во нас. Луѓето го прават тоа и Дел Торо можеби најдобро знае да ни го претстави тој страв.



Crimson Peak е класичен пример за доминација на стилот врз супстанцата. Дел Торо е еден од малкумината режисери кој е способен да создаде тензија и без употреба на специјални ефекти. Што тоа е добредојдено во сторијата, бидејќи за љубовна приказна, имаме малку од љубовта за да не задоволи. Од хорор примеси во сторијата исто така премалку за да не исплашат. Мистеријата како подтема (освен труењето на главната хероина) е можеби најприсутна, но не доволно за да биде релевантна и да го „вози“ филмот, а реално и му треба време за преставување.

Сепак, не може да се негира дека Дел Торо инспирација за филмот пронашол во толку необични и по малку шокантни нешта. Црвената глина, напуштената куќа и центарот на сè е една инцестна врска. Crimson Peak е многу повеќе од филм за „опседната куќа“. Тој е фантастичен затоа што е токму за спротивното. „Опседнатите луѓе“ во таа куќа.

С. Лазаревска 

Crimson Peak можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

секој ден: 17:00, 19:40, 22:00


 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...