Sicario: Не верувај никому!


Наслов:
Sicario

Режија:
Денис Веленјув

Сценарио:
Тејлор Шеридан

Улоги:
Емили Блант, Џош Бролин, Бенисио дел Торо, Даниел Калуа....

Времетраење: 121 мин

Година на издавање:
2015-та



Sicario е еден од тие речиси совршени филмови кои можеа да бидат „уништени“ ако паднеа во погрешните раце. Всушност во рацете на погрешниот режисер. По одличните Incendies, Prisoners, Enemy, канадскиот режисер Денис Виленјув оваа година ни го претстави Sicario. Еден од најдобрите филмови на годината, кој ако не сте го гледале веднаш да го направите тоа. Но, тоа е премногу банален и неиспиративен опис за толку одличен филм. Да се обидеме да го претставиме поубаво, како што заслужува.



ФБИ агентот Кејт Мејсер (Емили Блант) по неуспешната акција за спасување на заложници во Феникс Аризона, ќе биде „ангажирана“ во нова мисија. Нејзиниот шеф ќе ја препорача кај ЦИА специјалниот офицер Мет Грејвер (Џош Бролин) и неговиот партнер, мистериозниот Алехандро (Бенисио дел Торо). Разочарана од претходната мисија, Кејт ќе волонтира за задачата на Делта силите, да го пронајдат картел босот Мануел Дијаз (Бернардо Сарачино), еден од одговорните за инцидентот во Феникс. Тие ќе започнат со екстрадиција на Гиљермо Дијаз (братот и соработник на Мануел) од Хуарез, Мексико во САД, но тоа е само мал дел од мисијата. Или барем таа така мислеше.



Се прашував, што ќе беше со Sicario ако зад камерата го немаше Денис Виленвјув и кинематографот Роџер Дикенс. Претпоставувам филмот ќе беше медиокритетно дело кое брзо ќе беше заборавено. Моќта на режијата и што таа може да стори за еден филм е најмногу евидентна во Sicario. Дури многу повеќе од речиси сите останати филмови годинава, а таа ја воочувате уште во првите сцени со рацијата во Феникс. Сценариото е „слабата“ алка на филмот, но и да не беше Sicario е висерално доживување. Сценариото е слабо во развојот, но едноставно можете да го следите филмот дури и ако нема звук. Токму поради Виленјув. Режисерот повеќе ја сака тензијата, билдањето до акцијата, отколку самата акција, а тоа и ни го претставува во најголемиот дел. И тоа е фантастично.



Ако се обидеме да го „расцепкаме“ и анализираме Sicario, сцена по сцена 2-3 ќе излезат како фаворити кои ќе ги запаметите долго по гледањето. Само погледнете ја на пример, сцената на конвојот низ Хуарез па се до границата со САД. Долга, тензична и брилјатно снимена сцена во која ние ја воочуваме и техниката на Виленјув, не само неговиот талент. Кадрите снимени од хеликоптер и автомобил се одлични, но тие кои не доближуваат до работ на столчето се кадрите со престрелката пред самата граница. Снимени со рачна камера и брилијантно измонтирани. Ако забележите од речиси 12-минутната сцена, самата (крвава) акција, крешендото е во само минута-две од дејствието. Истото може да се каже и за сцената во тунелот, а и во грозоморната сцена во куќата на Фаусто Алакрон (Хулио Кедиљо).



Филмот ни е преставен од аспект на Кејт, а и самиот развој на дејствието го гледаме од перспектива на можеби единствениот лик во кој има грам на совест, морал. Споредена со останатите бескруполозни ликови, Кејт дури е и наивна во нашите очи. Од друга страна пак, амбивалентните ликови како тие на Мет и Алехандро полека почнуваат да си ги покажуваат вистинските лица, но транзицијата на самите карактери е таа која е суптилна и стилски прикажана.

Џош Бролин e фантастичен како Мет Грејвер. Емили Блант го дава можеби најдобриот перформанс на нејзината кариера како идеалистот Кејт, но глумата од Бенисио дел Торо е нешто посебно. Оскаровецот е апсолутно брилијантен како бескрупулозниот Алехандро и ако не добие номинација за Оскар за улогава ќе разочара еден куп на фанови.



Ако барате екстензивна приказна за „војната против картелите“, не се надевајте дека ќе ја најдете во Sicraio. Дејствието на филмот е во времетраење од 3 дена, а во најголемиот дел ние сме држени „во магла“ колку што е и Кејт. Ако случајно барате филм за искупување на една жена, или пак филм за нејзината мисија да промени нешто во оваа „војна“ исто така не ни помислувајте да ги пронајдете. Всушност Sicario е толку без надеж, толку сив и темен што можеби кога ќе го погледнете ќе посакате да гушнете некого за да внесете малку светлина. Барем јас тоа посакав да го направам.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...