Крајот на турнејата е најтешкиот дел



Наслов:

The End of the Tour

Режија:
Џејмс Понсолт

Сценарио: Доналд Маргилез

Улоги:
Џејсон Сигел, Џеси Ејсенберг

Времетраење: 106 мин.

Година на издавање:
2015-та




На 12-ти септември 2008-ма година, Дејвид Фостер Валас замина во вечноста. Еден од најдобрите писатели на неговата генерација, по годините поминати во борба со депресијата и креативната блокада си го одзеде животот. Имаше само 46 години.



Тhe End of the Tour започнува токму на тој ден, а веднаш потоа се навраќа 12 години наназад на 5-дневното професионално познанство на Дејвид Липски (Џеси Ејсенберг) со Дејвид Фостер Валас (Џејсон Сигел). Липски, новинарот на Rolling Stone магазинот ќе го убеди уредникот да му дозволи да го интервјуира Дејвид Фостер Валас (Џејсон Сегел). Писателот е на врвот на славата и е еден вид на интелектуална „рок ѕвезда“ не само во Средниот запад, туку низ цела Америка. Тој е на крајот на неговата турнеја за промовирање на бестселерот Infinite Jest, а интервјуто ќе започне во домот на Валас во Минесота. Тоа што ќе следи е можеби најдобриот разговор на двајца интелектуалци во период од 5 дена.



Анализирајќи го The End Of The Tour, а и претходните 3 долгометражни филмови, забележав една нишка која се провлекува во делата на режисерот Џејмс Понсолт. Сите содржат „оштетени“ души во некоја форма. Дејвид Фостер Валас сега во The End of the Tour е најславната од тие. Човек кој тука е споредуван со Хемингеј, со Пинчон. Писател каков што се раѓа само еднаш во генерација, и тоа е тешко да се прикаже, но The End Of The Tour успеал во намерата. Филмот гравитира меѓу тенката линија на биографски филм и „road“ филм, но искрено не е ниту едното, ниту другото. Тој е повеќе интелектуално/емоционална студија на два лика. На два брилијантни лика и тоа можеби најдобрата која ќе ја видите годинава. Но, пред да се обидеме да го разбереме Валас, треба да сфатиме дека не е единствениот интелектуалец во филмот.

Да тој е „ѕвездата“, да тој е човек кој се мачи со јавната перцепција на себе си (особено по брзиот прилив на слава и успех)  и да тој е мачен од демоните на минатото (депресија, алкохолизам, дрога). Но, забележите колку само сценаристот Маргилез се обидел да не го направи само уште едно клише на „напатен гениј уметник“, неразбран од светот. Валас е свесен за својот карактер. Свесен за неговите маани и што би бил ако им дозволи да го опседнат. Тој дури нема телевизор од страв постојано да не биде пред него.



Дејвид Липски пак од друга страна е анти-тежа на неговиот соговорник. Искрено како новинар и како човек кој повеќе пати се има најдено „во негова кожа“ и можам повеќе да се поврзам со Липски. За него способноста да го ислуша Валас е најдобрата карактерна особина која ќе ја забележите, а диктафонот е неговиот штит. Да и самиот е свесен дека не му интелектуално рамен на славниот писател но тој е искрен за тоа што сака да добие од интервјуто. Дури и на моменти кога навлегува во персоналниот живот на Валас (особено за деновите поминати на suicide watch, за зависноста, за депресијата), тој не дозволува дефанзивата од Валас да му се испречи во мисијата. Допадливоста на Валас и неговата едноставност да, тие се пречка за новинарот, но не и гардот. Филмот се губи во темпото и стотиците теми на разговор, но во најголемиот дел тоа е поради преголемиот фокус на двата лика од сценаристот.



Но, најголемиот „дар“ од дуото зад камерата е што направиле ние (публиката) да бидеме третиот лик во филмот. Кога го гледате филмот, имате чувство дека и вие сте присутни во разговорот во автомобилот, или во домот на Валас. Вие сте посебен лик кој само прави обзервација. И не сакате да мрднете од таму, да ги прекинете во разговорот. Да повремено гледаме споредни ликови (портретурани од одлични актери како Рон Ливинстон, Џоан Кјузак, Мами Гамер), но всушност ако забележите тие се толку тривијални, што и да не постоеле, филмот би бил совршен со двајцата присутни.



А што е со глумата? Интересно е што и двата лика се комплетно портретирани од актери кои се сега надвор од нивната комфорна зона. Џејсон Сигал е „откровението“ на режисерот Понсолт. Тој успева да се трансформира во Валас и во карактерот, не само во надворешниот изглед.Тој го снижил тонот на гласот за неколку октави и само во мал дел ни ја прикажува и темната страна на Валас. Нешто на што не сме навикнати ако го знаеме C.V.-то на актерот во жанрот комедија. Истото важи и за Џеси Ејсенбер. Актерот познат по невротичниот екстериер, сега е со толку смирен карактер. Тој го дава можеби најдобриот перформанс од Roger Doger и само го прави овој филм едно топло интелектуално патување низ ледениот север на Америка.

Нема често да најдете вакви филмови, па затоа не ја пропуштајте можноста да го погледнете.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...