Дали го погледнавте Spectre?

Минатото е болката на Бонд

Наслов:
Spectre

Режија:
Сем Мендез

Сценарио:
Џон Логан, Нил Пурвис, Роберт Вејд, Џеџ Бутелворт

Улоги:
Даниел Крејг, Леа Сејду, Кристоф Валц, Рејф Фајнс, Бен Вишау...

Времетраење: 148 мин.

Година на издавање:
2015-та година

Џејмс Бонд (Даниел Крејг) во воведната сцена од Spectre е во Мексико Сити. „Денот на мртвите“ се празнува на улиците, а над нив 007 го бара Марко Скијара (Алесандро Крамона), членот на тајната организација Спектра. Потрагата по Ернест Ставро Блофилд (Кристоф Валц) шефот на Spectre, ќе го однесе Бонд најпрво во Рим, кај Лучија-вдовицата на Скијара (Моника Белучи), а подоцна и во австриските Алпи кај Медлин Свон (Леа Сејду), ќерката на еден од екс членовите. Но, кога Бонд ќе успее да го пронајде, ќе сфати не само што го двајцата се знаат со декади наназад, туку и ќе ја согледа неговата злобна мисија која внимателно ја ковал. Да го создаде „модерниот кошмар на Џорџ Орвел“. Бонд заедно со М (Рејф Фајнс), Кју (Бен Вишау) и Манипени (Ноеми Харис) ќе добијат и домашен непријател, а како ќе се одбранат?



Spectre започна одлично. Воведната сцена во Мексико Сити е една од најдобрите кои некогаш се снимени во досегашните 23 филма од франшизата и уште во првите 10-на минути ќе можете да го забележите талентот на режисерот Сем Мендез и кинематографот Хојте ван Хојтема зад камерата. Ареалните снимки подоцна ќе ги најдете и во сцените на повеќе други локации (Австриските Алпи, Рим и во Лондон), но колку и да се одлични визуелните финеси, специјалните ефекти и елегантниот стил на Мендез, не може да се игнорираат промените кои се направени не само во самиот лик на Бонд, туку и на останатите ликови. Spectre како ретко кој филм до сега е фокусиран примарно на Бонд и неговото минато. Поточно на личност од тоа минато. Франц Оберхаузер/ Ернест Ставро Блофилд (Кристоф Валц), или како што вели и самиот тој „авторот на целата болка на Бонд“.

Сега можеби минатото на Бонд е неговиот најголемата закана за агентот 007. Но, во самата сторија не помага фактот што самиот непријател е прекратко во филмот за да може да се почувствува неговото присуство и да бидеме искрени и неговата закана. Кристоф Валц е апсолутно брилијатен и можеби единствениот со способност да направи разлика во квалитетот на филмот, со оглед на талентот кој го поседува. Тој улогата на опсесивен психопат може да ја одигра маестрално дури и во сон, но ако му е даден соодветниот материјал, што за жал тоа не е случај. Во филм од 148 минути тој е премалку присутен, а и неговиот лик не е доволно комплексен, застрашувачки па дури и оформен. Навистина штета.

 

Овој пат повеќе присуство и влијание во развојот на дејствието е дадено на Мис Манипени (Наоми Харис) Кју (Бен Вишау) и М (Рејф Ајфанс), а сега тие и се повеќе подготвени да му помогнат во мисијата на Бонд. Што и со мала доза на скепса на почетокот, го прават во Spectre, да бидеме искрени. Сепак, можеби најголемото разочарување е минутажата на Моника Белучи во улогата на Лучија Скијара. Можеби помладата Бонд Девојка (Леа Сејду) е присутна во филмот повеќе, но очекувањата беа многу поголеми и за Белучи. Таа не само што е најстарата Бонд девојка (поточно жена) во историјата, туку и со двојно поголема кариера од Сејду, но тука е сведена само на „камео улога“ од само 2 сцени.



Разочарувањето е и во Медлин Свон. Не толку во самата актерка Леа Сејду која и покрај минималната хемија со Даниел Крејг успева да прикаже солиден перформанс. Разочарувањето е повеќе во тоа што е создадено од нејзиниот лик од страна на 4-та сценаристи. Таа е само елегантна декорација која на почетокот од нејзиното претставување ни беше наговестено дека има и интелегенција која треба да оди „под рака“ со нејзината убавина, но таа е само нов трофеј во спалната на Бонд. Комплетно бескорисна, а можеше да биде многу повеќе од тоа.



Во Spectre го гледаме враќањето на старите добри гаџети, на борбите со брилијатни кореографии, на трките со Астон Мартин автомобилите и тие се одлични. Особено по Skyfall. Но, сценаристите имале два избори кои можеле да ги направат во сржта. Да го развиваат минатото на Бонд на емоционално ниво (како што беше случајот со Skyfall со речиси мајчинската заштитничка врска со М), или пак да се фокусираат на опасностите од владината контрола за разузнавање и нивната потенцијална закана во нашата блиска иднина.

Мисијата на С (Ендру Скот) како што кажа и самиот филм е „Орвеловиот кошмар“ и совршената тема за еден шпионски трилер да ја има во својата основа, бидејќи тоа е толку близу до нашето секојдневие. Сепак, и двете теми се оставени на раскрсницата. Во Spectre, не само што Бонд е на раскрсница, и самиот филм можете да го најдете таму.

С. Лазаревска

Spectre можете да го погледнете во Cineplexx кино салите:

 

Проекции:

четврток: 15:00, 16:00, 17:00, 18:15, 19:15,

20:00, 20:07, 20:15, 21:20, 22:00, 22:50

работни денови: 15:00, 15:50, 16:50, 17:50,

18:40, 19:15, 20:00, 20:40, 21:30, 22:00, 22:50

сабота: 14:00, 15:00, 15:50, 16:50, 17:50, 18:40,

19:15, 20:00, 20:40, 21:30, 22:00, 22:50

недела: 14:00, 15:50, 16:50, 18:10, 18:40, 19:15,

20:00, 21:00, 21:30, 22:00, 22:50

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...