Прекрасниот Лијам: „Бебето“ на фамилијата Хемсворт

Лијам Хемсфорт добро ги следи стапките на постарите браќа во креирањето на стабилна и одлична кариера. Најмладиот од 3-те прекрасни браќа Хемсворт оваа недела го видовме во последнот дел од Hunger Games франшизата, наслове Mockingjay Part 2.



Австралискиот актер повторно по 4-ти пат ја толкуваше улогата на Гејл Хоуторн, пријателот и сојузник на Катнис Евердин во борбата да го симнат претседателот Сноу од власт.



Сепак, Лијам своите почетоци буквално ги „ископира“ од постарите браќа не само во филмот, туку и на телевизијата. Своето претставување на публиката во родната Австралија го имаше во култната серија Neighbors, како и Лук и Крис пред него.



Деби-то во филмската уметност Лијам го направи во 2009-та година во Knowing, СФ трилерот со Николас Кејџ, а од тогаш тој не само што беше дел од серија на успешни акциони филмови, туку од филмови во жанрот романса.

 

До крајот на годинава Лијам же го видиме и во драмата The Dressmaker покрај оскаровката Кејт Винслет, а самата актерка веќе призна нејзината тинејџ ќерка била повеќе љубоморна на сцените со Лијам отколку на тие со било кој друг актер во досегашната кариера.



Следната година фановите ќе го видат Лијам во второто продолжение на Independence Day култниот акционен филм од средината на 90-те сега насловено Independence Day: Resurgence. Но, кои се филмовите со Лијам Хемсворт кои треба да ги погледнете пред Mockingjay Part 2?

Филсмската рецензија за Hunger Games- Mockingjay part 2 очекувајте ја во вторник на Идивиди.

Knowing- 2009

Triangle- 2009

The Last Song- 2010

The Hunger Games- 2012

The Expendables 2- 2012

Empire State- 2013

The Hunger Games: Catching Fire- 2013

Cut Bank- 2014

The Dressmaker- 2015



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...