Смрт на диктаторот- слобода на народот!

Наслов:
The Hunger Games: Mockingjay – Part 2

Режија:
Френсис Лоренс

Сценарио:
Питер Крејг и Дени Стронг

Улоги:
Џенифер Лоренс, Џош Хачерсон, Лијам Хемсворт, Доналд Сатерленд, Џулијан Мур...

Времетраење: 137 мин.

Година на издавање:
2015-та

По 3 години и 3 индивидуални филмови, конечно пристигна и 4-то и последно продолжение од филмската адаптација на Hunger Games франшизата. Сега насловено Mockingjay Part 2, последниот филм го донесе финишот, разврската на борбата на Катнис и „компанија“.

Која е таа? Mockingjay part 2 продолжи речиси веднаш по дејствието од крајот на минагогодишниот Part 1.

Катнис (Џенифер Лоренс) Гејл (Хемсворт) Пита (Хачерсон) се сега дел од ново-назначениот тим 451. Водени од новиот лидер Богс (Махерсала Али), тие се сега лоцирани во областа 2  близу до Сноу (Сатерленд), каде ќе наидат на уште поголем отпор. Територијата на целата област 2 на патот до Capitol е сега прекриена со смртоносни стапици и тимот мора да ги избегне ако сакаат да останат живи и да дојдат до претседателската палата во The Capitol. Патот до таму нема да биде лесен, а самата мисија нема да ја направи полесна ниту Пита, кој сега е со кревка ментална состојба по ослободувањето од непријателот.



Mockingjay Part 2 е далеку потемен во стилот и структурата од претходникот, но генерално поздодевен и незадоволителен во генералниот поглед за тоа како е завршена франшизата. Но, да започнеме со позитивното во Part 2. Перформансите од Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон се маестрални. Оскаровката е повторно на висина на задачата, но пријатното изненадување е перформансот на Хачерсон во улогата на Пита. Тој успева кршливоста на неговиот ум и кревката емоционална состојба по Part 1 да ни ја прикаже со целиот распон на неговиот потенцијал. Тој како и Лијам Хемсворт добиле повеќе присуство пред камерата, но „љубовниот тријаголник“ кој многу ветуваше во претходните неколку дела сега е претворен во сапунска опера, а не помагаат ниту баналните дијалози меѓу ликовите кои не не водат никаде.



Џена Мелоун како бунтовничката Џоана го краде шоуто, но таа како и Вуди Харлисон (во улогата на Хејмиш) добила премала минутажа, па добиваме впечаток дека нивните ликови се смешно потценети од страна на сценаристите. Сепак, ако веќе зборуваме за најголемото разочарување во целиот филм е тоа што ликот на Катнис е оставен да биде само постер на револуцијата, а не и неиуморен воин во истата. Да, тоа е одлука на Алма Коин (Џулијан Мур), но од воинот кој обедини повеќе области во борбата против тиранијата и кој беше херојот во првите редови, очекувавме повеќе. Катнис сега е сместена во позадината и практично претворена во маскота на целиот тој труд.



Сепак, не смее да се негира дека и во досадниот развој на приказната (кој на моменти се претвора на Maze Runner низ Captiol), всушност сега ни е прикажано за што се бореа Катнис и останатите. Но, најважно ни е прикажана грдата страна на војната. Сега ги гледаме садистичките методи на Сноу, но и грозоморниот feedback на Коин. Мутанти, нагазни мини и бомби испратени со падобрани. Двајцата не одбираат средства ниту начини да дојдат до целта, што само уште еднаш покажува дека нема „добри и лоши“ страни кога народот е во војна. Се е дозволено нели?



Придонесот на режисерот Лоренс можете најдобро да ја забележите во сцените со дејствието сместено примарно во областа 2. Акционите сцени со сет парчињата од продукцискиот дизајн се маестрални, а и специјалните ефекти се ефективни во развојот на сторијата, дури и кога сценариото не успева да го стори тоа.

Сепак, финалето е емотивно и разводенето збогување со франшизата во која фановите инвестираа толку многу внимание и трпение во изминатите 3 години. Крајот на приказната е (спојлер) среќен, но патот до неа е полн со ужас и крвопролевање.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...