ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Роки ги предаде ракавиците

Наслов:
Creed

Режија:
Рајан Куглер

Сценарио:
Рајан Куглер и Арон Ковингтон

Улоги:
Мајкл Б. Џонсон, Силвестер Сталоне, Теса Томпсон, Филиша Ришад...

Жанр:
спортска драма

Времетраење: 133 мин.



Замислете дека сте 29-годишен режисер со само еден долгометражен филм во кариерата зад себе и сте фан на Rocky франшизата речиси целиот живот. Воедно еден ден ви е дадена шансата да бидете дел од неа. Да создадете свој Rocky Balboa филм. Рајан Куглер го направи тоа... Ја зграби таа шанса, од поинаков аспект да секако, но тоа го направи одлично.



Адонис „Дони“ Крид (Мајкл Б. Џонсон) уште како дете ќе биде „спасен“ од нов поправен дом. „Спасителот“ е Мери Ен Крид (Филиша Рашад) а подоцна тој ќе биде и израснат од неа во Лос Анџелес. Но, Дони (како што е познат) ќе го остави луксузниот живот и  ќе замине на другата страна на САД во Филаделфија. Таму ќе го најде Роки (Силвестер Сталоне) и ќе го замоли да го тренира. Со доза на колебање Роки ќе прифати и откако Дони ќе го порази локалниот боксер Лео Спорино (Габриел Росадо) јавноста ќе дознае кој е всушност Дони Крид. Надежниот боксер ќе добие понуда да си ги одмери силите со шампионот од полу-тешка категорија, Рики Конлан, но до самиот меч ќе преживее моменти кои ќе му го „размрдаат“ животот.



Creed можеби е spin off на самата франшиза, но тоа е и еден од најдобрите филмови не само на самата Rocky франшиза, туку и на годината. Искрено ако го гледаме како целина речиси и да нема ништо ново во Creed. Основата во самата премиса на филмот е „клише“, но сега со малку поинаква поделба на улогите. Имаме млад надежен боксер (сега тоа е Адонис). Имаме ментор/тренер (сега тоа е Балбоа) кој ќе го тренира, а и ја имаме и девојката (сега тоа е Бјанка).



Creed е во суштината „ново руво“ на старата приказна. Звучи едноставно нели? Но, ако ја имате идејата за „новото руво“ понатаму се е полесно. Куглер и ко-сценаристот Арон Ковингтон го направиле водењето на сторијата глатко и конекцијата на самите ликови е емотивна до степен да „флертува“ со тенката линија до мелодрамата. Ја гледаме врската на Дони со Роки низ доброто и лошото. Во теретаната, во рингот и во приватноста. Посебен детаљ е и врската на Дони со Бјанка (Теса Томпсон) се разбира и секој од ликовите индивидуално добил време колку што е потребно да остави свој печат во филмот. Бјанка на пример е надежна музичарка која полека го губи слухот. Нејзината професија, карактер и дури и начинот на кој за прв пат ќе се запознае со Дони добива смисла во подоцнежната прогресија. Сфаќате зошто сака да слуша гласна музика. Нејзината лична сторија е одлична, но нејзиниот лик за среќа не е  потценет или “изгубен“ во сторијата.



И навистина е фантастично да се види не само младиот Мајкл Б. Џордан во улога која би можела да му ја дефинира кариерата, туку и самиот ветеран Сталоне како повторно е на врвот на задачата. Не заборавајте дека го глуми ликот на Роки веќе 4 декади- лик од кој мислевме дека се изморил. Двајцата актери се апсолутно брилијантни во Creed, но ако постои нешто по што визуелно се издвојува, тоа е одличната режија од Куглер.



Во Creed ќе најдете фантастични сцени со борба. Младиот режисер (кој претходно соработуваше со Џордан на Fruitvale Station) успеал во сцените со вежбањето на Дони (во затворен сет или на отворено) да ги држи во добро познатата формула. И тоа е во ред. Кратки сцени со одлична монтажа, базичен сет дизајн и инспиративна енергична музика во позадината. Но, обрнете внимание на самата борба од мечот на Дони против Лео. Првата од фантастичните сцени кои ги напоменав. Најпрво самото интро против Лео е урнебесно уште во соблекувалната, а самата сцена во рингот може да се нарече и мало ремек дело. Еден вид на триумф на Куглер, кинематографот Мајриз Алберти и самите актери. Бокс мечот во времетраење од речиси 5 минути е снимен во долга 5 минутна непрекината сцена. Без монтажа, без кратење меѓу ударите- речиси 5 минути. Можете да видите речиси се од мечот. Крвта, публиката, судијата, противниците, Дони и Роки... Флуидот на камерата во тие 5 минути е импресивен. Претпоставувам како и кај долгата непрекината сцена од епизодата Who goes there од 1-та сезона на серијата True Detective, така и тука сцената барала екстензивна кореографија, но самиот потфат, а и резултатот кој бил добиен од неа, е застрашувачки добар. Аплауз до Куглер за храброста.



Creed е и застрашувачки добар филм. Филм кој не очекував дека ќе биде тоа. Знаејќи го талентот на Куглер зад камерата, но и на Џордан пред неа, потајно се надевав, но поубаво е изненадувањето кога најмалку очекуваш. Creed е пријатно изненадување.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...