ФИЛМСКАТА РЕЦЕНЗИЈА ЗА THE FORCE AWAKENS

Star Wars: Силата навистина се разбуди


Наслов:

Star Wars- The Force Awakens

Режија:
Џеј Џеј Ејбрамс

Сценарио:
Џеј Џеј Ејбрамс, Лоренс Каздан, Мајкл Арднт...

Улоги:
Дејзи Редли, Адам Драјвер, Џон Бојега, Харисон Форд, Оскар Ајсак...

Времетраење: 135 минути

Година на издавање:
2015-та


Во деновите до премиерата на The Force Awakens бев „напаст“ за сите околу мене. Живеев и дишев за филмот, а верувам и сите останати Star Wars фанови. Таква бев и во 1999-та година, кога заедно со мојата пријателка (денес режисер) бегавме од часови за да купиме билети за Phantom Mеnace. Но, 16 години потоа-The Force Awakens, не само што ми ја врати носталгијата, туку ме потсети зошто јас и остатокот од фандомот ги засакавме StarWars.



Последниот џедај Лук Скајвокер (Марк Хамил) сега се крие од „Првиот ред“. Пилотот и член на отпорот, По Дамерон (Оскар Ајсак) ќе ја сокрие мапата на неговата локација во BB-8 дроидот, но ќе биде заробен од безмилосниот Кајло Рен (Адам Драјвер) и Капетанот Фазма (Гвендолин Кристи). Стормтруперот кој ќе го уапси По нема да го предаде на „Првиот ред“ туку ќе дезертира и заедно со По ќе избегаат на пустинската планета Џаку. Таму Фин ќе ја пронајде осамената Реј (Дејзи Дадли), но и членовите на отпорот Хан Соло (Харисон Форд) и Чубака (Питер Меглу). Тие треба да ја однесат мапата во BB-8 на Генералот Леа (Кери Фишер), за да го најдат Лук пред „Првиот ред“ тоа да го направи, но тоа нема да биде лесно.



Ако би можале да ги бараме конекциите и сличностите во сторијата на The Force Awakens, со претходниците во франшизата, евидентни се тие од New Hope секако. Но, сега завиткани во малку поинакво возбудливо „пакување“. Тоа не е пречка, знаете Џеј Џеј и остатокот од сценаристите се потрудиле таму и да застанат сличностите, а да продолжат квалитетите со новите ликови кои ги создадоа. Со The Force Awakens, добивме нова возбудлива приказна од франшизата која не само што ни понуди носталгија, туку и топлина, хумор, човечност во ултимативната борба на доброто против злото. И се разбира возбудливи ликови кои искрено го носат филмот на своите рамена.



Сега покрај старите Хан Соло и Чуи кои очигледно не ја „загубиле магијата“, хуморот и генијалната острина на карактерите, гледаме и нови фантастично креирани ликови кои едноставно ги засакувате „од прва“. Реј и Фин секако „бодат очи“, но на позитивен начин. Аплауз треба да се даде до Каздан, Ејбрамс и Арднт за одлуката тие да не создадат празна „дама во невоља“ од ликот на Реј и покрај младоста и природната допадливост на актерката. Всушност тоа што ние го добивме е силен, паметен, способен, воин кој можеби само на површината изгледа кршлив. Реј е само-доволна, снаодлива и независна, но Фин е ликот кој долго го чекавме во фандомот. Бегалец, дезертер и предавник на „Првиот ред“. Човек кој се до запознавањето со По, нема ниту име. Само сериски број и една цел-да ги извршува наредбите на „Првиот ред“. Но, покрај самите перформанси од двајцата „новајлии“ во самите улоги (Џон Бојега и Дејзи Радли) фасцинира и хемијата која ја проектираат двајцата актери пред камерата.



По Дамерон (Оскар Ајсак) е збунувачкиот карактер, ако мораме така и да го класифицираме. За лик кој беше спореден со Хан Соло во најавите, видовме многу малку од него во филмот. Најверојатно го планираат за поголеми нешта во Епизода 8, но и покрај малата минутажа сега во The Force Awakens, Оскар Ајсак повторно беше апсолутно самоуверен шармер, каков што знаеме дека може да биде, познавајќи го неговиот талент.



Во The Force Awakens добивме и дури 3-ца негативци. Генералот Хукс (Домнал Глисон), Рајло Кен (Драјвер) и Лидерот Снук (Енди Серкис).  Филмот не е пренатрупан,  секој од нив им посебни агенди, мотиви за постапките и време пред камерата без да не задушуваат со присуството, но како најистакнат меѓу нив е секако Кајло Рен.

Сценаристите убаво ни ја прикажале внатрешната борба на ликот со самиот себе си, со темната страна. Тој буквално се измачува со очекувањата од самиот себе си, од неговото семејно наследство, а Драјвер во улогата е брутално одличен. Фановите можеби најмногу го препознаваат по серијата Girls, но Адам не само што е одличниот кастинг избор поради физиономијата (Драјвер е 190 сантиметри висок екс маринец), тој всушност ни прикажа еден од најкоплексните негативци во целата франшиза. Тоа е исто толку негова заслуга колку и на Џеј Џеј. Драјвер е маестрален.



И така доаѓаме до Лук Скајвокер. Херојот кој го знаеме и сакаме. Физичкото присуство на ликот сега е речиси сведено на 1 минута пред камерата (на самиот крај од филмот), но неговото име и персона го слушаме од самиот почеток. Лук е дух, реликвија од минатото. Речиси претворен во мит за новите генерации, но тој е и барана личност. Нема лице во Галаксијата кој не го знае, а уште повеќе сакаат да го фатат. Скајвокер никогаш повеќе не бил потребен дури и на отпорот, а го гледаме и конфликтот од неговиот азил и кај Леа. Неговото отсуство го чувствуваат сите на „светлата страна“, а и ние во публиката.



И за крај The Force Awakens е се што долго време посакуваме (ние фановите) еден филм да биде. Со вистински сет локации пред нас (а не Green screen платна и CGI), маестрални лајтсејбер борби, хумор, ликови полни со надеж и храброст,  специјални ефекти со доза на реалност, брилијантната музика од Џон Вилијамс, практична (но минималистичка) костимографија и предност дадена на супстанцата, а не на стилот. The Force Awakens е емотивно навраќање на спомените од оригиналната трилогија.

Ријан Џонсон ти си на потег. Со нетрпение ја очекуваме Episode 8. May The Force be With You.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...