ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА:

Одмаздата е јадење кое се служи ладно

Наслов:
The Revenant

Режија: Алехандро Гонзалес Ињариту

Сценарио: Алехандро Гонзалес Ињариту и Марк Л. Смит

Улоги:
Леонардо ди Каприо, Том Харди, Домнал Глисон, Вил Поултер...

Времетраење: 156 мин.

Година на издавање:
2015-та


The Revenant е дух, некој кој се вратил од мртвите за да ги тероризира живите. Барем тоа е објаснувањето за The Revenant на Wikipedia, но тоа всушност е Леонардо ди Каприо во првата соработка со режисерот Алехандро Г. Ињариту.

Лео во The Revenant е Хју Глас. Искусен ловец кој на почетокот на 19-ти век заедно со синот биле дел од ловечката експедиција на „Дивиот запад“ предводена од Ендру Хенри (Домнал Глисон). Уште на самиот почеток нивниот тим ќе биде десеткуван по нападот на домордците, но вистинските проблеми за Хју ќе почнат кога тој ќе биде нападнат и речиси убиен од дива мечка. Под претпоставка дека му се ближи крајот, Хенри ќе им понуди екстра пари на двајца од тимот, Џон Фиџералд (Том Харди) и Џим Бриџер (Вил Поултер) да останат покрај него во миговите до смртта. Остатокот од тимот ќе се врати во базата, а Фицџералд не само што ќе му го убие синот туку и жив ќе го закопа Хју во плиток гроб. Хју за чудо ќе успее да се „врати од смртта“, но дали и ќе се одмазди?



The Revenant е создаден да му го донесе Оскарот на Лео. Не толку поради фактот дека таа статуетка е чекана толку време (иако има вистина во тоа), туку затоа што актерот е безмилосен во улогата, и сега никој едноставно не може да го допре. Мотивацијата на ликот е одмаздата, но Лео прави перформансот да биде многу повеќе од тоа. Тоа е и борба на човекот да преживее во најужасните околности, временски или не. Во најголемиот дел од два и пол часовниот филм Хју Глас речиси и да нема реплики, а кога ги има тие се најчесто изговорени на индијански јазик. Го гледаме како комуницира со синот на тој јазик, а подоцна и со останатите членови  од племето. И иако за жал, не гледаме многу од врската татко син, Глас (како што е нарекуват) нема да оформи врска со речиси никого во филмот. Тој е препуштен сам на себе во најголемиот дел.



Се останато е брилијантната глума од актерот водена од уметниците како Ињариту и Лубезки зад камерата. The Revenant за Ињариту е 360 степени свртување во обратен правец од минатогодишниот Birdman, но и тука ги гледаме препознатливите долги непрекинати кадри со рачна камера кои знаеме дека Ињариту ги сака. И бидејќи 99% од дејствието се случува на отворено, забележите како Лубезки дури и мистично си поиграл со природната светлина во кинематографијата. Секој кадар кој го гледате е снимeн на природна светлина (сонце, оган, облесок од снегот...), а таа надополнета со прекрасниот пејсаж се причината поради која талентот на Лубезки ќе биде награден со хет трик на Оскарите. На моменти во работата на Лубезки  може да се почуствува влијание и од Теренс Малик. Oсобено тоа е евидентно во флеш бек сцените или тие со халуцинации кај Хју Глас, но сепак, нема сомневање дека „Чиво“ е повторно на врвот на задачата во The Revenant.



Том Харди е навистина солиден како Џон Фиџералд, главниот негативец во сторијата, но The Revenant може да се пофали и од одлична глума од остатокот на екипата. Особено од Домнал Глисон во улогата на Ендру Хенри. Можеби една од нај недефинираните улоги во поглед на сценариото, но Глисон се потрудил да ја направи речиси импресивна со талентот. Хенри е човек кој има почит кон експертизата на Глас и верува во неговата стручност. Понатаму гледате и дека погрешно укажаната доверба во дел од луѓето во неговата експедиција Хенри ќе го сфати како личен пораз. А искрено, одмаздата на Глас како негова лична мисија и токму затоа и ќе му биде партнер во финалната потера. Хенри е чиста спротивност од ликот на Фицџерлад. Праведен, принципиелен и полн со човечност и емпатија. Топлина во целото студенило кое го гледаме пред нас. Но, без разлика на тоа Лубезки и Ињариту со The Revenant ни претставија физички истоштувачки филм кој всушност е подеднакво брутален на емоционално ниво колку што е визуелно. Барем за нас гледачите.



Дури и препознатливите долги кадри од Ињариту без дијалог знаат да не донесат до сржта на емоцијата. Да, бодат до коска, но сега тие се искрено садистички и прекрасни истовремено. Само земете ја на пример сцената во која Глас е нападнат од мечката. Или пак воведниот напад на домородците на експедицијата. Реализмот и грозоморната бруталност се неприкосновени, но што Ињариту „извадил“’ од актерот преку сцените е нешто друго. Нешто во што ќе морате сами да се уверите. Ињариту оваа навидум едноставна приказна за долгиот пат на одмаздата ја претворил во визуелно патешествие кое во други моменти би го пронашле на пример во новела на Џек Лондон.



Вузуелно прекрасни кадри за да не залаже, но доволно реални за да ја прикаже својата поента. Потврда дека целата мака, целиот труд, хронолошки сниманиот филм на 12 различни локации на 2 различни континенти не билe за џабе. Да, The Revenant е предолг, со доста непотребни кадри во патешествието на Глас, но сметам дека Ињариту снима филмови како The Revenant не затоа што може, туку затоа што треба. Тоа е можеби најголемата разлика која го одвојува од остатокот од режисерите во Холивуд.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...