Холивудскиот актер Курт Расел, ги потврди гласините дека моментално е во преговори да се појви во продолжението на хит филмот од Marvel, Guardians of the Galaxy.
Ветеранот во Холивуд потврди за Colider дека моментално преговара за улога во 2-от дел на блокбастерот и покрај тоа што го нема погледнато самиот филм од 2014-та година.
-Добив телефонски повик за тој филм пред само 2 дена. Но, до сега не сум го погледнал самиот филм, Guardians of the Galaxy. Мислам дека сум еден од 4-та личности на планетата кои не го гледале и покрај тоа што до сега многу пати слушнав дека е забавен филм со добри ликови, изјави Расел за американските медиуми.
Понудата да биде дел од Guardians of the Galaxy 2 пристигнала од режисерот Џејмс Ган, а улогата за која тој преговара е таа на таткото на Питер Квил, главниот херој на Guardians of the Galaxy. Актерот Крис Прат ја толкуваше улогата на Питер Квил.
Курт Расел оваа година фановите имаа можност да го погледнат во акциониот трилер Furious 7 но и во вестерн филмот на Квентин Тарнтино, Hateful Eight.