Прекрасен и како данска девојка

Наслов:
The Danish Girl

Режија:
Том Хопер

Сценарио: Лусинда Коксон

Улоги:
Еди Редмајн, Алисија Викандер, Матијас Шоернец, Себастијан Кох...

Времетраење: 120 мин.

Година на издавање:
2015-та



Режисерот Том Хопер и Еди Редмајн претходно соработуваа на Les Misérables. Двајцата оскаровци, минатата година ни го претставија The Danish Girl, биографскиот филм за Ејнар Венгер, еден од првите трансџендер лица во историјата и неговата борба да го промени полот.



Се започна во The Danish Girl со молбата од Герда (Алисија Викандер) нејзиниот сопруг и колега сликар Ејнар Вегнер (Еди Редмајн) да позира за портретот на балерината Ула (Анбер Херд). Тој ќе ги облече холахопките, чевлите и ќе застане пред неа, во поза. Подоцна двајцата ќе ја креирааат Лили, фиктивната „роднина“ на Ејнар која е всушнсот алтер его, и тој ќе има проблем да се раздели од неа. Со Лили, Ејнар ќе сфати дека подобро се чувствува како жена и по првичната згрозеност, сопругата ќе му помогне во транзицијата. Дури и ќе му даде поддршка во експерименталната операција за промена на полот.



The Danish Girl е визуелно предизвикувачко дело. Филм во кој доминира затворениот сет, а во него режисерот повторно ни го прикажал и неговиот препознатлив стил на Dutch аглите при снимање. Како и во претходниците на Хопер и тука стилот на оскаровецот е доминантен, а особено можете да го забележите при фокусот на двајцата главни ликови. Герда и Ејнар. Сепак, сценаристката Коксон колку што ги споила двата ликови во првата половина од филмот (тие си помагаат во работата иако се во различни стилови на уметноста), толку ги држела на дистанца во втората.

Разбирливо, поради самата транзиција, но во втората половина таа не ги води двата ликови подеднакво, а споредните ликови се само визуелни „марионети“. Тие мора да имаат свое појавување, но сепак малку придонесдуваат за развојот на сторијата. Секако тука би го спомнале Ханс (Матијас Шоернец), пријателот на Ејнар од детството, но и балерината Ула (Амбер Херд) а исто така и Хенрик (Бен Вишау), младиот човек кој веднаш ќе биде фасциниран од Лили.



Ниту еден од споредните ликови не е дефиниран, а ниту развиен, а нема преголем доприност до самото дејствие на филмот. На Ејнар, да имаат, во мали дози, но не и во водењето на сторијата. Но, морам да признаам дека и покрај тоа што не е навлезено во самата срж на транџендер лицата и нивната перцепција од околината, медицината и нивната борба па дури и од самите себе си, транзицијата од маж во жена е солидно доловена кај Ејнер. Првичната реализација за различноста кај Ејнар е навистина стилски прикажана, но во тоа помага и самиот актер, Еди Редмајн. Оскаровецот му дал доза на грациозност и суптилност на внатрешниот конфликт на неговиот лик по првичната реализација.

 

Алисија Викандер во улогата на Герда е солидна, но Редмајн е апсолутно брилијантен како Ејнар и навистина одличен и како Лили. Тој двојната улога ја прилагодил на времето во кое се одвива самото дејствие, но и на врската која ја има со Герда. Нивниот брак е прикажан како доста неконвенционален и „модерен“ за времето во кое живееле, а дури и надвор од интимата, тие имаат реалтивно пријатна врска полна со разбирање и поддршка.



Но, и покрај стилот, супстанцата изостанува во The Danish Girl. Не само во третирање на самата тема за трансџендер лицата и нивниот конфликт, туку и во прикажувањето на една толку фасцинантна личност, како што бил/а Ејнар/Лили.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...