ДАЛИ ГО ГЛЕДАВТЕ THE HATEFUL EIGHT?

Омразените и безмилосните

Наслов:
Hateful Eight

Режија/сценарио: Квентин Тарантино

Улоги:
Самуел Л. Џексон, Курт Расел, Џенифер Џејсон Ли, Брус Дерн...

Премиера:
25 декември

Жанр:
вестерн

Времетраење: 167 мин.

Квентин Тарантино имаше тежок пат до финалниот производ т.е. The Hateful Eight. Сценариото за филмот беше објавено во јавноста во јануари 2014-та година, а по измените (особено на крајот oд сценариото) и мачното снимање, конечно Hateful Eight пристигна во кино салите.



Во снежниот и рурален Вајоминг, по Граѓанската војна во САД, ловецот на награди Маркиз Ворен (Самуел Л. Џексон) ќе го замоли колегата Џон Рут (Курт Расел) да го превезе него и неговиот „улов“ до градот Ред Рок. Рут во кочијата веќе ја има криминалецот Дејзи Домергу (Џенифер Џејсон Ли), а по патот ќе го најдат и Крис Маникс (Валтон Гогинс) кој тврди дека е новиот шериф во градот во кој патуваат. Но, штом снежната бура ќе стане се посилна тие по патот ќе се засолнат во куќарката наречена Minnie's Haberdashery. Таму веќе ќе се уште 4-ца недоверливи и потенцијално опасни личности: Освалдо Морбри (Тим Рот), Мексикецот Боб (Дамијан Башир), Генералот Смитерс (Брус Дерн) и мистериозниот Џо Гејџ (Мајкл Мадсен). Сите се омразени и бескруполозни, но како што дознаваме сите имаат тајни и скриени агенди.



The Hateful Eight не е најлошиот филм на Тарантино, но не е ниту најдобриот. Тоа е искрено повеќе навреда за генијот наречен Квентин Тарантино, отколку што е комплимент, ако се знае дека станува збор за еден од најдобрите сценаристи на неговата генерација. Сега со Hateful Eight, тој создал мамутско 3 часовно дело на кое му недостасува супстанца, но мислам дека не сакал да открива нови теми и простори во најновиот филм. Филмот е повеќе критика на американското опшество со политички подтонови која треба да напрви паралела со денешницата. “The only time black folks are safe is when white folks are disarmed,” вели Маркиз во неколку наврати, и можете да ја сфатите намерата на Квентин во таа реплика. А се разбира ако го следите и неговиот активизам во приватниот живот и ако читате меѓу редови додека го гледате филмот ќе ги „споите точките“. Ќе дојдете до поенатата на Квентин за тој аспект, што е многу повеќе од што може да се каже и за самата поента на филмот како целина.



Но, во сржта со Hateful Eight тој создал еден вид на театарска престава која сосема случајно може да се нарече вестерн филм. Два часа од речиси 3 часовното дејствие е сместено во затворен простор, а како и во Reservior Dogs на мал простор гледаме ликови со многу параноја, скриени мотиви и интересни прекари. Во стилот на неговиот талент за пишување на дијалози, така и во Hateful Eight тие се маестрални, полни со генијален хумор, но тоа е филм кој не може да се носи само на рамената на дијалозите. Тоа за жал е случајот со Hateful Eight. Како што споменав самите ликови се неоформени, на дејствието му недостасува енергичност, темпо и на моменти фокус во водењето на самата приказна се до самиот расплет на филмот (кога и доаѓаат новите ликови).  Да не споменуваме и дека, Тарантино ја „растегнал“ неизвесноста колку што можел, како ластик. Во средината пак, спорадично слушаме и нарација од самиот Тарантино, но таа е премногу кратка и непотребна, бидејќи филмот е екстремно долг и речиси и да не се забележува.



Но, ако нешто Тарантино знае одлично да го направи, тоа е да одбере одлични актери. ОК и да прикаже насилство. Во Hateful Eight гледаме во најголемиот дел актери со кои и претходно често соработува (Самуел Л. Џексон, Курт Расел, Тим Рот, Волтер Гогинс, Брус Ден, Мајкл Мадсен), но и со „новајлиите“ како Џенифер Џејсон Ли, Демијан Башир и Ченинг Тејтум. Расел е апсолутно маестрален, како и Самуел Л. Џексон, но вистинското откровение е Џенифер Џејсон Ли. Ветеранката е апсолутно маестрална во една од најужасните ликови кои Квентин ги има создадено. Да се разбереме. Сите ликови се злобни и неморални (како што кажува и самиот наслов), но Дејзи ме погоди бидејќи е надвор од стандардот кој Квентин го постави во изминатите филмови за женските ликови. Што се случи со Тарантино што веќе нема ниту инспирација да создаде женски лик кој е тотален bad-ass? Кој е способен да ги надмудри, да ги ги измами и да ги убие речиси сите останати? Тука нејзината пропаст, мизерија, немоќ е славена до крајот, наместо да биде надмината.



А искрено 70 мм формат на снимање со кој Тарантино се фалеше, освен во првите 40-на минути, каде можеме да го видиме на дело (бидејќи имаме сцени и на отворен сет) во остатокот не се ни забележува. Таа грандиозност и величенственост (чувана за епски филмови) која ја нуди самиот стил на снимање, сега е речиси со медиокритетен епиолог бидејќи во најголемиот дел филмот е снимен во дрвена шупа. Лимитиран мал сет со мало движење и простор за креативност. Да таму ги гледаме препознатливите кадри на Квентин од таван, тие фокусирани на стапалата на актерите, но и маестралните акциони сцени често во забавена снимка. Но, за прв пат во филм на Тарантино, да нема премногу суперлативи за режијата на генијот.



The Hateful Eight е дефиницијата за „многу врева за ништо“ . Премногу долг и без поента и покрај должината. Ако барате позитивни поени, тоа се секако дијалозите и перформансот на актерите, но тие таму завршуваат. Остатокот е конфузно дело од Тарантино во кое тој како да се бара себе си. Се надевам дека ќе се пронајде.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...