ДАЛИ ГО ПОГЛЕДНАВТЕ?

Spotlight: Откривање на „гревовите“ на католичката црква


Наслов:
Spotlight

Режија:
Том Мекарти

Сценарио:
Том Мекарти/Џош Сингер

Улоги:
Марк Рафало, Рејчел Мекадамс, Мајкл Китон, Лив Шрајбер, Џон Слатери...

Времетраење: 129 мин.

Жанр:
драма


Том Мекарти е интригантен режисер. Иако недостасува иновативност во техничкиот аспект на неговата работа, не може да се негира дека знае да ги направи и најобичните, анонимните ликови, фасцинантни. И ако отидете на IMDB страната за самиот режисер, ќе најдете дескрипција за неговата специјалност која вели: „Снимање low key филмови за очајни луѓе кои стануваат дел од невообичаени сурогат фамилии“. Запаметете ја оваа реченица. Ќе се навратам на неа.



Spotlight е неговиот најнов филм, а во него тој го раскажува истражувањето на Spotlight- групата на новинари од Boston Globe во период од јули 2001 година па се до јануари 2002. Марти Барон (Лив Шрајбер) на почетокот е назначен за главен и одговорен уредник на весникот и тој ќе биде заинтригиран за приказната за обвинетиот педофил/свештеник во Бостон. Па затоа ќе го назначи тимот на Spolight составен од Мајк Резендес (Марк Рафало), Саша Фајфер (Рејчел Мекадамс) и Мет Керол (Брајан Д’Арси Џејмс) да ја истражат сторијата. Нивната работа ќе биде надгледувана од уредникот Волтер „Роби“ Робинсон (Мајкл Китон) и заменик-уредникот Бен Бредли Џуниор (Џон Слатери), но тоа што ќе го откријат ќе биде многу поголемо и грозоморно. Задачата нема да биде лесна за Spotlight. Католичката црква секако нема да ја направи нивната работа лесна.



Да бидам искрена, снимени се доста филмови на темата - откривањето на сексуалната злоупотреба на деца од свештеници во католичката црква. Таа тема е добро позната, не само за американската, туку и за светската јавност. Но, тоа што го прави Spotlight, кој е еден од најдобрите филмови не само на годината, туку воопшто, е фактот дека кога го гледате, вие всушност не гледате психолошка студија или истрага од криминален аспект за прикривањето на педофилите свештеници од Католичката црква. Гледате едноставна и исцрпна новинарска истрага каква што мислам дека последен пат видовме во All The Presidents Men. Сериозно, сите ликови се фасцинантни од повеќе аспекти, но исто така и актерите кои се одбрани да ги портретираат. Кастингот во Spotlight е еден од најдобрите на годината и неблагодарно е да се издвојат поединци, но секако тоа се Марк Рафало, Мајкл Китон, Рејчел Мекадамс. Стенли Тучи и Лив Шрајбер, се подеднакво брилијатни и покрај тоа што се во споредни улоги, но и двајцата очигледно го даваат максимумот. Забележете ја смиреноста на Барон при делегирање на задачите на тимот дури и во најстресните моменти, забележете го стоицизмот и професионализмот на Робинсон дури кога е во круговите на црквата, но најмногу забележете го Марк Рафало. Не неговиот лик, туку актерот во самиот лик. Забележете како седи на столчето додека зборува со лицата околу него, неговата страст за одговори. Тоа е талентот на еден актер. Не да стане ликот кој го игра. Да биде ликот кој го игра.



Сценариото од Мекарти и Сингер го бара вашето целосно внимание. Од самиот почеток до крај. Знаете, тоа е едно од тие одлични сценарија, какви што речиси и да не гледаме повеќе, особено во филмовите од Холивуд. Во што е уникатноста на Spotlight? Па за почеток, истрагата на тимот менува коплетно различна сетови- сцена во сцена и покрај тоа што дејствието е сместено само во Бостон. Ќe видите разговори на ликовите во ресторани, паркови, цркви, јавни установи, не само во редакцијата на весникот. Во ниту еден момент не е досадно, иако сценариото е полно со дијалози. Никој во 2-часовниот филм не вика на никого, нема нервози и кавги додека трае истрагата, а ќе најдете многу колегијалност меѓу новинарите. Мекарти и Сингер го искористиле секој (буквално) секој лик, за да ја водат сторијата. По ѓаволите, нивната истрага е толку old school што никој од новинарите не користи диктафон иако е во 21-век. Сите запишуваат се на тефтери. Сите ликови се важни тука и сите придонесуваат за сторијата. Дури и ликовите кои не ги гледате. Само сетете се на Ричард Сајп (Ричард Џенкинс) екс свештеникот претворен во психијатар кој низ целиот филм комуницира со новинарите преку телефон. Тој е еден од најважните извори, а ниту секунда не гледаме од него пред камера.

Доказите од истрагата се фрапантни, а и пречките од самата црква во истата, секако се присутни. Но, на новинарите во тимот на Spotlight им е дадено и емпатија, можност да се поврзат со жртвите. Тие внимаваат да не им пристапат со агресивен или дефанзивен став, намалувајќи ја нивната страна од сторијата. А искрено тоа е направено и со „жртвите“ кои не се директно засегнати од скандалот. Само погледнете ја сцената во која бабата на Саша ја чита нејзината статијата за која таа толку работеше да ја изнесе во јавноста. Има толку многу тага и емпатија во таа сцена, што е невозможно да се искаже со зборови.



Но, да се навратам на реченицата од воведот на овој текст. Да бидам прецизна, во Spotlight само половината од таа реченица е точна. Новинарите не се очајни, но дефинитивно ќе станат дел од сурогат фамилија. Ќе дознаете низ филмот дека Саша оди со баба и во црква иако е неверник. На Мајк бракот му е на „стаклени нозе“ и живее во изнајмени речиси празни куќи. Семејството на Мет речиси и да не го гледаме. Но, во тие неколку месеци тие поминаа повеќе време заедно отколку со своите фамилии. Во тие неколку месеци во Spotlight навистина се роди едно ново сурогат семејство.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...