ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА:

И самците ги убиваат нели?

Наслов:
The Lobster

Режија:
Јоргос Лантимос

Сценарио:
Јоргос Лентимос/Ефтимис Филипу

Улоги:
Колин Фарел, Рејчел Вејз, Бен Вишау, Оливија Колман, Леа Сејду...

Времетраење: 118 мин.

Премиера:
2015-та

Кога забележавте дека Колин Фарел всушност знае да глуми? За мене тоа беше на средина на In Bruges. Да, тој беше мега ѕвезда и претходно. Беше Џеси Џејмс (во American Outlaws), беше Bullseye (во Daredevil), Александар Велики (во Alexander) и капетанот Џон Смит (во можеби најдобриот филм на Теренс Малик, The New World). Но, по гледањето на In Bruges, за прв пат почувствував дека тој е актер, не само филмска ѕвезда. Доста време помина по In Bruges и од тогаш повторно го имам тоа чувство дека Ирецот е способен да прикаже фантастичен перформанс, само му е потребно одлично сценарио и добро водство. Во The Lobster повторно ги има и двете нешта и повторно е маестрален.



Во The Lobster Колин е Дејвид, архитект кого сопругата го напуштила за друг маж. Тој ќе пристигне во изолираниот и безимен хотел (повеќе затвор) и ќе добие рок од 45 дена да пронајде партнерка или ќе се претвори во животно кое самиот ќе го избере. Ќе го избере јастогот. Престојот во хотелот „гостите“ може да го продолжат со „лов“ на „самци“ во шумата, но по претпената траума, Дејвид ќе избега од хотелот и ќе премине кај нив во блиската шума. Таму ќе најде нешто комплетно спротивно. Нови правила наметнати од лидерот (Леа Сејду), но и потенцијална љубов (Рејчел Вејз) која не успеваше претходно да ја пронајде.



Целиот филм на Јоргос Лантимос е всушност една голема алегорија на сегашноста во која живееме, но и страшно предвидување за тоа што потенцијално не чека во иднина. Тој е и обсервација на реалноста до која е доведен љубовниот живот на индивидуите. Валоризација на нашата вредност како луѓе ако имаме некој покрај нас, стигмата од општеството ако немаме и притисокот да го пронајдеме. Во ера кога од љубовта создаваме спектакл (само погледнете ги реалните шоуа како The Bachelor, Big Brother), дали таа навистина не чека кога најмалку очекуваме? Бидејќи тоа ни го велат не само луѓето околу нас, туку и филмовите со години и години наназад. Тоа ни го вели и The Lobster во најапсурдниот начин кој може да си го замислите. И да биде иронијата поголема, The Lobster ни прикажува толку прозаична реалност на нашите карактери, што дури на моменти и боли да се гледа. До каде би оделе да пронајдеме „сродна душа“? И што значи тој термин воопшто? Дали како Џон (Бен Вишау) ќе си ја удираме со сила главата во тврди површини или пак ќе се ослепиме и ние како и партнерот?



Забележете ја употребата на иронијата, па дури и хипокризијата на двата света. Во хотелот, маструбрирањето е забрането, но сексуалната стимулација е дозволена. Во шумата е обратното, а особено е забранета романсата. И секој кој ќе се спротистави на ова го очекува многу болна и тешка казна. Мислам дека тој конфузен конфликт е всушност нова обсервација од сценаристите за конфузната состојба на самата личност во денешницата. Маж, жена, без разлика. Индивидуата ставена под лупа, на временски рокови, со дозволи и рестрикции во инхибициите. Разликата е само кој ги креира нив, всушност.



Лантимос при крајот (особено во последната третина) на The Lobster го губи темпото, но не и поентата. Спорадично низ филмот негово „оружје“ ако смеам така да се изразам во доаѓање до поентата е употребата на меланхонична музика и кадрите во забавена снимка. Тој и кинематографот Тимиос Батакис, ја доловиле депресијата, па дури и патетиката со држење на визуелниот приказ на ентериерот и екстериерот во црни и сиво-зелени тонови. Не смее, а да не се забележи рамниот, едноличен тон во гласот на актерите при изговарање на репликите. Како да гледате екстра депресивно чедо на Вес Андерсон и Вуди Ален кога Вуди беше во пикот на креативноста. Рејчел Вејз, Леа Сејду и Бен Вишау се одличен додаток во актерската екипа, а мало, но пријатно влијание има и Џон С. Рајли како Роберт, човекот со говорна маана во хотелот. Чуден и еклектичен збир на актери, како што е чуден и еклектичен и самиот филм.



Но, на официјалната страна на филмот на IMDB е опишан со жанровите, комедија, драма, романса. Би сакала да беше! The Lobster е хорор приказна за иднината на љубовта. Бидејќи не сме далеку од неа. The Lobster можеби е сместен во дистописка фиктивна иднина, но базирано на тоа што го имаме во сегашноста, таа иднина не изгледа толку фиктивна.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...