Актерот, продуцент и музичар Илајџа Вуд на 4-ти јуни во МКЦ, во рамките на 6-то издание на фестивалот „Здраво млади“ во Скопје ќе настапи со колегата и соработник Зек Кови.
Двајцата ќе се претстават со заедничкиот музички проект, Wooden Wisdom а придружба на самиата сцена ќе имаат од DJ Fitz, најави организацијата на Здраво млади.
Сепак, Илајџа е најдобро познат како одличен актер кој кариерата ја започна како дете, на почетокот на 90-те, а до сега беше дел од повеќе одлични холивудски блокбастери, но и холивудски филмови.
Тој е најмногу препознаван по улогата на Фродо, хобитот од Lord Of The Rings трилогијата, но кои се останатите одлични филмови во кариерата на Илајџа Вуд?
Forever Young- 1992
The Adventures of Huck Finn- 1993
The Good Son- 1993
The War- 1994
The Ice Storm- 1997
Deep Impact- 1998
The Faculty- 1998
The Lord of the Rings трилогија (2001-2003)
Sin City- 2005
Bobby- 2006
Wilfred (2011-2014)