ВИСТИНСКАТА ПРИКАЗНА ЗА ЕДЕН УПОРЕН ЧОВЕК ОД ХОЛИВУД

Ловот на „црвени“ вештерки


Наслов:
Trumbo

Режија:
Џеј Роуч

Сценарио:
Џон Мекнамара

Улоги:
Брајан Кренстон, Дајан Лејн, Луис ЦК. Мајкл Сталберг, Џон Гудман...

Жанр: биографска драма

Времетраење: 118 мин.



Режисерот Џеј Роуч во подоцнежниот дел од кариерата се обидува да биде „политички настроен“. Recount како да го започна тој тренд во кариерата, а продолжи со Game Change, The Campaign... па дури и со една епизода од политичката сатира The Brink.

Trumbo е неговиот последен режисерски обид во кој „флертува“ со политиката, а оваа година ќе можеме да го очекуваме од него и најавениот филм All the Way. Повторно со политика и повторно маестралниот Брајан Кренстон во главната улога. Но, за сега да се осврнеме на Trumbo.



Во Trumbo, Кренстон е сценаристот Далтон Трамбо. Еден од Холивудските 10-мина кои биле повикани да сведочат пред Конгресот на САД за нивните антиамерикански активности. Трамбо како и другите 9-мина биле комунисти. Всушност како што ни кажува и самиот почеток на филмот, тој пристапил на партијата во 1943-та година кога САД и СССР биле сојузници. Поради одбивањето да соработуваат во целата „хајка“ и под обвинение дека шират комунистичка пропаганда во филмовите кои ги создаваат Трамбо и останатите биле осудени и на затворска казна. По излегувањето од затвор бил приморан не само да пишува сценарија за Б-филмови, туку и за фантастични филмови од А листата, но само ако биле потпишани од други лица. Две од неговите сценарија освоиле Оскари, а не само што други лица биле потпишани на нив, туку нивните имиња стоеле и на самите статуетки.



Trumbo за среќа е носен на рамената на одличните актери кои се во филмот, но за нереќа на речиси ништо друго. Ако го тргнеме на страна актерскиот талент (кој тука е во изобилие) Trumbo во наративната сторија, држење до историските факти, но и самите ликови/филмови од таа ера е сведен на медиокритен ТВ филм. Тие ликови што не развиени се или сведени на клише или игнорирани. Меѓу првите би ги сместила ликовите како Клио Трамбо (Дајан Лен), а во втората група (игнорираните) се Хеда Хопер (Хелен Мирен), Арлен Хирд (Луис Си-Кеј) и продуцентот Френк Кинг (Џон Гудман). Сите актери во улогите се фантастични, но сценаристот Мекнамара премалку време посветил на нив за да може да остават силно присуство со самите ликови, не само со перформансот од нив.

 

Џеј Роуч во прикажувањето на приказната за Трамбо на моменти вовел „сторија во сторија“ стил на водење на дејствието, но и микс на архивски и претходно снимени снимки. Но, кога станува збор за прикажувањето на самиот лик кој е третиран во филмот, Далтон Трамбо, не е јасно дали фокусот е повеќе ставен на самиот лик или на каузата која тој и останатите ја имаат со партиската припадност.



Од аспект на физичките карактеристики на Трамбо, тој е целосно доловен. Со пијалок, во едната рака, цигара во другата, пишувањето на драфтовите од сценаријата во кадата. Да тоа бил Трамбо. Ексентричноста, снаодливоста и интелектот на личноста се исто така добро прикажани, но самиот лик има тешкотии во конекцијата со колегите и семејството. Социјалната изолација и дискриминација во Холивуд по „ловот на вештерки“ се исто така начнати, но не доволно за да ни ја прикаже вистинската стигма која ја искусиле овие луѓе. Последната третина од филмот се фокусира доста на фамилијарните односи на Трамбо со семејството, а особено со бунтовната ќерка Никола (Ели Фенинг), но и таа фрикција не е доволно третирана.



Брајан Кренстон од друга страна пак во улогата на Далтон Трамбо ни ја прикажува можеби најдобрата глума по Breaking Bad. И ако подобро размислиме, од завршувањето на култната серија немаше доволно предизвикувачки улоги кои можеа да му парираат на талентот. Но, тука тој талент не завршува со Кренстон. Хелен Мирен е фантастична како злобниот „патриот“ претворен во „трачарка/колумнист“  Хеда Хопер. Луис Си Кеј е исто така одличен како Арлен Хирд, но и Дајан Лејн како Клео, сопругата на Далтон Трамбо.

За крај, Брајан Кренстон оваа година нема големи шанси за победа на Оскарите, но мило ми е што неговиот перформанс барем е признаен со номинација за оваа улога. Дури и во просечен филм за еден од генијалците во Холивуд.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...