Премиерата на 4-та сезона на серијата House Of Cards е на помалку од 1 месец, но фановите имаат можност да го погледнат последниот трејлер кој го објави каналот Netflix.
Во 1-минутиниот трејлер фановите ќе имаат можност да ја погледнат „војната“ меѓу Френк и Клер Андервуд (Кевин Спејси и Робин Рајт) во Белата куќа, но и новата претседателска кампања на Френк за реизбор на позицијата Претседател на САД.
Поркај стандардните актери од претходните 3 сезони, споредни улоги во IV-та ќе имаат и Џоел Кинеман, Нив Кембел и Колм Фиоре.
Премиерата на IV-та сезона на House Of Cards е закажана за 4-ти март, а ова е последниот трејлер.
Погледнете.