ДАЛИ ГО ПОГЛЕДНАВТЕ DEADPOOL?

Можеби е супер, но не е херој!

Наслов:
Deadpool

Режија:
Тим Милер

Сценарио:
Рет Рис и Пол Верник

Улоги:
Рајан Рејнолдс, Морена Бакарин, Ед Скрејн, Ти Џеј Милер, Џина Карано...

Времетраење: 108 мин.

Година на издавање:
2016


Вејд Вилсон/Deadpool за прв пат на филмското платно го видовме во X-Men Origins: Wolverine. Вејд тогаш беше само „епизоден играч“ во тимот на Вилијам Страјкер, а Волверин „главната ѕверка“.... Не го паметите филмот? Не ве обвинувам. Но, сега 7 години по X-Men Origins: Wolverine, Вејд Вилсон е „соло ѕвезда“ на својот филм. Резултатот е урнебесен и подобрен лик создаден по добрата стара формула.



Рајан е повторно Вејд Вилсон или „God’s perfect idiot“ како што ни е претставен во најавната шпица. Платеник кој откако ќе се вљуби во Ванеса (Морена Бакарин) ќе му биде дијагностициран рак во терминална фаза. Во состојба на очај ќе прифати да биде дел од експериментален третман на мутантот Френсис/Ајакс кој наводно треба да го излечи од болеста. По компликациите од процедурата, Вејд  ќе преживее, но ќе стане неуништлив и целосно унакажан со изгореници по целото тело. Па затоа со помош на Колос (Стефан Капчиќ) и Negasonic Teenage Warhead (Бријана Хилдебранд) ќе се обиде да го пронајде Френсис за тој да го врати во првобитниот изглед. Но, нештата нема да одат како подмачкано.



Знаете дека Deadpool ќе биде поинаков од останатите супер херојски филмови (или во случајов анти-херојски) уште од интрото. Од првите 5 минути сфаќате и дека ова е лик кој не се сфаќа себе си сериозно, а и самиот филм тоа го прави. Подготвен е да се насмее на Хју Џекман/Волверин, на X-Мen франшизата, па дури и на лимитираните актерски способности на Рејнолдс. Да, актерот кој глуми Deadpool. Тука тие се сега во втор план, бидејќи Рејнолдс не е актер со оскаровски потенцијал, а сега искрено не е потребно да биде. Смислата за хумор и дарбата за комедија се најголемиот сојузник на Рајан и тоа што Канаѓанецот го прави со репликите од Рет Рис и Пол Верник е буквално рамно на магија.



Филм кој во најголемиот дел „на тапет“ ги става X-Men ликовите, (има многу X-Men референци во филмот) a  сојузници на одмазничката мисија на Вејд се мутантите од школото на Чарлс Ексавиер (Мекавој или Стјуарт не ни е објаснето). 19-годишната Бријана Хилдебранд е фантастична како Negasonic Teenage Warhead.  Но, за жал истото не може истото да се каже и за Колос. Вториот X-Men сојузник на Вејд е единствен во CGI техника, но неимпресивен во изгледот и карактерот. Од другата страна пак, вината за медиокритетниот негативец во Ајакс (крстен по детергентот за миење садови) ќе ја поделам на недостатокот на харизма и (талент за глума) на Скрејн и за недоволниот труд од сценаристите да го направат поуверлив неговиот злобен план.



Но, не можам да ги обвинам. Како и кај Guardians Of The Galaxy, така и тука сценаристите ја употребиле добро познатата мантра и се фокусирале на две нешта.  На ликовите наспроти сторијата и на обидот да ја придобијат публиката со многу хумор, што е за поздравување од нив, бидејќи ова е тазе лик за публиката која ги нема читано стриповите. Го искористиле хуморот како алатка и единствен начин за да допрат до неопределената публика, дури и со целото крвопролевање кое ни е прикажано. Сценаристите го искористиле и фактот дека режисерот Тим Милер е почетник и ова му е прв долгометражен филм во кариерата. Да, тој е експерт за анимација и специјални ефекти (дури и номиниран за Оскар), но му ја олесниле работата во режијата со многу од нивните можности. „Breking the fourth wall“, префрлање на дејствието низ различни временски периоди, нарација и водење на дејствието низ дијалози колку и низ акција.



Тие се држеле и до стандардниот метод при презентација на релативно нов лик на филмското платно. Со старата и добра „origin“ приказна, која морам да признаам дека е ефективна и покрај тоа што во процесот ги запоставиле одличните ликови како Визел (Ти Џеј Милер). Визел е криминално потценет лик, а ако сте фан на Милер ќе бидете уште повеќе бесни на неговото игнорирање од страна на тимот зад Deadpool.



Но, да се навратам на почетокот. На интрото поточно. Знаете како се опишани сценаристите во најавната шпица? „The Real Heroes Here“. Да, тоа е точно. Колку и да е Deadpool тенок во заплети и едноставен за негово добро, заблагодарете се на сценаристите за фактот што не го претвориле во X-Men Origins: Wolverine, или во Fantastic Four, а толку лесно можеше да се случи тоа. Навистина понекогаш вистинските херои не се за пред камера. На сценаристите мислам, не на Рајан Рејнолдс.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...