ZOOLANDER 2 ПРИСТИГНА

Глупоста повторно е „во мода“?

Наслов:
Zoolander 2

Режија:
Бен Стилер

Сценарио:
Бен Стилер, Џон Хамбург, Џастин Тероу и Николас Столер...

Улоги:
Бен Стилер, Овен Вилсон, Пенелопи Круз, Вил Фарел, Кристен Виг...

Жанр:
комедија

Времетраење: 102 мин.


15 години, толку беа потребни за да го добиеме долго очекуваното продолжение на култната комедија Zoolander со Бен Стилер повторно пред и зад камерата. Вториот дел сега ни понуди и навистина многу голема доза на камео улоги. Но, да започнеме со ред.



Дерек Зулендер (Бен Стилер) и Хансел Мекдоналд (Овен Вилсон) се во самопрогласен егзил. Веднаш по изградбата на Derek Zoolander Center For Kids Who Can't Read Good, центарот се срушил и во процесот не само што ја убил Матилда (Кристин Тејлор) туку и го „деформирал“ лицето на Хансел. Без работа на „екстремниот север“ на Њу Џеси и без синот Џуниор (Сајрус Арнолд) од кого изгубил старателство, Дерек ќе прифати (благодарение на интервенцијата на Били Зејн) да учествува на ревијата на House of Atoz во Рим. Таму ќе пристигне и Хансел, но нивната посета на Рим ќе биде дел од многу поголема мисија. Таа на Валентина Валенсија (Пенелопи Круз). Агентот на модниот оддел на Интерпол која треба да открие кој ги убива прекрасните славни луѓе (меѓу кои и Џастин Бибер) и зошто. Но, тоа што ќе го дознаат нема да биде за во Vogue, туку за ново поглавје на The Davinci Code.



Zoolander 2 започна одлично. Воведната сцена со смртта на Бибер е навистина одлична и го постави тонот (а и темата) на остатокот од филмот. Искрено по неа ќе најдете и одлична рекапитулација за тоа што правел можеби најглупавиот манекен во изминатите 15 години. Но, понатаму има голема диспропорција не само во еквивалентот меѓу хуморот (скечовите, физичката комедија и сатирата) и славните камео улоги, туку и во степенот на кој модната индустрија прави сатира преку самите ликови (а и темата) во филмот. Конкретно за првото... да сега во продолжението е зголемен бројот на лицата кои добија мали улоги, а како особено исклучителни ќе ги споменам тие на Бенедикт Камбербач, Стинг, Сузан Бојл, Кифер Сатерленд и за мене можеби најмалку очекуваната камео улога од  Нил Де Грас Тајсон.



А за втората поента... шегите и самата пародија на целата филмска индустрија се ставени во втор план на сметка на камео улогите и како да очекуваат славните личности да го носат товарот на филмот. Колку и да се на број, за жал не успеваат (поради самото сценарио и краткото присуство пред камера), но морам да признаам дека дел од старите и добро познати ликови кои ги имаше во првиот дел како Џакобим Мугату (Вил Фарел) и Хансел се повторно одлични. Потребно е долго време да помине од дејствието додека Стилер ни го претстави Мугату повторно, но кога тоа ќе се случи Фарел не нè разочарува. Тој е маестрален како и секогаш. Убаво е да се види дека хемијата меѓу Стилер и Овен Вилсон во нивните улоги (Дерек и Хансел) добро функционира и потолку години, а сега сценаристите им дале и повеќе заедничко присуство на двајцата пред камерата. И покрај тоа што во самото сиже и двајцата се заборавени од времето, не само од Дерек.



Како и во првиот дел и сега гледаме како се развива нивното (не) пријателство дури и во тешките моменти. Кога се речиси прегазени од уште понеподносливи личности од нив, а или пак од нивните постапки. Сепак, носталгијата завршува таму и новите женски ликови се половични и недоволно обликувани за да остават силен впечаток кај нас. Ќе започнеме од визуелно речиси непрознатливата Кристен Виг како Алексанија Атоз. Мило ми е што Стилер одлучил да ни ја претстави како силиконска статуа и филмска верзија на кошмарите на Донатела Версаче, бидејќи самиот лик прави исмевање на суетата на лицата во модната индустрија. Но не е доволен да го даде целосниот ефект за тоа.



А, и покрај фактот што Пенелопи Круз има многу поголема улога од Виг, едноставно ја сфаќаме разликата во дарбата за комедија меѓу двете актерки. Виг ја поседува дури и со целата шминка на себе, но Круз за жал не.

Сумирано, Стилер повторно ни прикажал површен (на моменти забавен филм) полн со суета и желба за инстант кам бек во нашата перцепција. Како и самиот лик на Дерек Зулендер морам да признаам.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...