Пронајдоа љубов во безнадежно место

Наслов: Tumbledown

Режија:
Шон Мешоу

Сценарио: Дезире ван Тил

Улоги:
Ребека Хал, Џејсон Судекис, Џо Манџијанело, Блајт Данер, Грифин Дан...

Времетраење: 100 мин.

Година на издавање:
2015-та

Жанр: романтична комедија




Џејсон Судекис е еден од од тие „принцови“ на комедијата кои едноставно зрачат со природна харизма и шарм. Ќе го гледате во сè. Дури и во најужасните филмови и ќе ги обожавате само поради него. Во десетте години поминати во скеч шоуто SNL и во подоцнежната филмска кариера докажа дека фантастично се снаоѓа во жанрот комедија. Но, дали може да носи главна улога во романтична комедија на неговите рамена? Квалитетна улога, или улога како онаа во „We're the Millers“? Па според последниот филм да. Само треба да му се даде квалитетна основа, бидејќи, талентот, шармот и харизмата не одат никаде. Тие се повторно тука.



Во Tumbledown, Ребека Хал е Хана Мајлс. Млада вдовица која живее во руралниот Мејн. Нејзиниот сопруг, фолк пејачот Хантер, починал млад неколку години претходно, под неразјаснети околности (за фановите). По смртта оставил мал опус на песни кои му донеле речиси култен статус во јавноста. Еден вид на фиктивен Џеф Бакли ако сакате. Фановите доаѓаат на неговиот гроб, оставаат сувенири, а Хана по неговата смрт ги поминува деновите работејќи за локалниот весник. Повремено има кежуал секс со локалниот „манекен“ Кертис (Џо Манџијанело), но воглавно живее повлечен аскетски живот. Но, кога Ендру Мекдонел (Џејсон Судекис) професорот од Менхетен ќе и пристапи за да добие повеќе информации за сопругот (за неговата работа), таа ќе му понуди заедно да ја напишат биографијата за Хантер. Тоа што ќе започне како обична професионална бизнис зделка ќе се претвори во нешто ново и поинакво искуство за двајцата.



Tumbledown е деби филм за Шон Мешоу, но навистина филмот го прават добриот кастинг и солидното и интелегентно сценарио, повеќе од работата на режисерот. Ребека и Џејсон се совршени за улогите, но добрите одлуки во кастингот можете да ги забележите и во споредните улоги, колку и да се мали. Фантастичните Блајт Данер, Грифин Дан и Џо Манџијанело може да се пофалат само со 2-3 сцени во Tumbledown, но не постојат актери кои би биле посоодветни за нивните улоги, во секоја од нив.



Акцентот (американски) и перформансот на Ребека се фантастични во улогата на Хана, вдовицата која не може да престане да тагува по сопругот. Но, со гледањето, ќе забележите и дека сценаристката како повеќе внимание да посветила на градење на „слоевите“ во ликот на Ендру. Тој ќе пристигне во Мејн повеќе како фан на Хантер, отколку како писател, но начинот на кој ќе ги открива деталите за себе (а и дознава информации) ќе направат да го цените неговиот лик повеќе. Да, визуелно тој изгледа како „lumberjack“ верзија на Боб Вудворд, но забележете го неговиот напор да остане насмеан и шармантен дури и во моментите кога не му е до тоа. Судекис одлично ја доловил таа чудна и по малку тажна нишка од неговиот лик. Таа која додека го гледате Ендру едноставно знаете дека со насмевката на лицето како да маскира огромна тага (или вина) која го мачи цел живот. Подоцна Ендру постепено ни ја открива болката, но со секое откривање на дел за него до крајот го сфаќате целосно и самиот лик. Постепено и суптилно, тој станува комплетен до крајот, што не може и да се каже за Хана.



Сценаристката можеби темпото во развојот на дејствието го водела премногу споро и едноставно (спротивно на тоа што сме навикнати на вообичаените романтични комедии), но во процесот помагаат и одличните дијалози меѓу ликовите. Тие се полни со хумор и интелегенција, а така е третирана и конекцијата на двата лика (Хана и Ендру) на љубовно поле. Треба да помине речиси еден час од 100-минутното дејствие за да дојдеме до љубовната конекција, но повторно не запаѓа премногу во клише што е за поздравување.



Но, можеби над се Дезире во сценариото и Шон во режијата (и покрај прекумерната употреба на рачна камера)  ни прикажале солиден филм за справувањето со тагата по смртта на саканите луѓе. Тагата во ликот на Хана е релативно посвежа и поинаква од таа кај Ендру. Но и кај двајцата оставила лузни кои продолжуваат да диктираат со животите. Хана свесно не може да се ослободи од емотивното присуство на сопругот кој сега е речиси „сведен на дух“,  а Ендру пак несвесно не може да се ослободи од самоубиството на татко си.

Ментално е речиси во секој момент со него, но тоа е поентата на тагувањето. Никогаш нема да исчезне потребата за тоа, но проблемот е наоѓањето на начин да се функционира додека барем не избледи.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...