Лондон „падна“ - не и Џерард Батлер

Наслов:
London Has Fallen

Режија:
Бабак Неџафи

Сценарио: Клејтон Ротенбургер, Кетрин Бенедикт, Чед Сент Џон, Кристијан Гугесант

Улоги:
Џерард Батлер, Арон Екхарт, Морган Фримен, Шарлот Рајли, Анџела Басет....

Времетраење:
99 мин.

Година на издавање:
2016



Џерард Батлер по втор пат е на мисија. По Olympus Has Fallen од 2013-та година, Шкотот се врати повторно во истата улога, но на нова локација и во нов филм. London Has Fallen е името на продолжението, а сега Мајк Бенинг (Батлер) ќе треба да го заштити претседателот Бенџамин Ашер (Арон Екхарт) од нови непријатели.



Бенинг е на „крстопат“ во кариерата и приватниот живот. Тој и сопругата Леа (Рада Мичел) набрзо ќе станат родители и Мајк сериозно размислува да ја напушти тајната служба на претседателот. Но, кога премиерот на В. Британија ќе почине светските лидери ќе пристигнат во Лондон за погребот кој е под силно обезбедување. По серијата терористички напади од Амир Маркави (Алон Мони Абдупул) и атентатите врз речиси сите политичари присутни во Лондон, ќе остане на Мајк повторно да го спаси претседателот. Но, тоа пак нема да биде лесно.



Пократок за 20 минути од претходникот и послаб и во квалитет. Можеби во најкратки црти, тоа би била соодветната оценка за London Has Fallen. Од самиот старт паѓа во очи фактот дека Џерард повторно го носи филмот на своите рамена, дури и во толку „празен“ филм без структура. Ова е улога која како и Брус Вилис во Die Hard, Шкотот е способен да ја портретира повторно и повторно без разлика на апсурдниот, насилен и непотребен филм кој сака да ни го прикаже во процесот. И тоа е во ред, ако тоа е сè што барате.

За разлика од Olympus Has Fallen, продолжението доби два екстра сценаристи (Кристијан Гудегаст и Чед сент Џон), но за жал загуби во логика, политичко-социјална порака (а се гледа дека имале намера да ја испратат) па дури и во избегнување на клишеата од секаков вид. Само забележете како се претставени светските лидери во кратките „лични“ моменти пред камерата  И иако мотивот на главниот негативец Абдопул е примарно воден од одмазда (за настаните прикажани во воведните 5 минути од филмот) во самиот чин на егзикуцијата има и нешто толку познато, грозоморно, но реално за сите нас. Спектакл од јавните егзикуции (во случајов таа на фиктивниот претседател) направени од терористите пред камера на кои веќе за жал навикнавме во изминатиот период. Искрено самиот напад на Лондон само на фиктивен начин (како на филм нели) ја прикажува таа параноја од терористите низ Европа, со која речиси секојдневно се соочуваме. За некого е само филм, за некого е само верзија на вистината.



Арон Екхарт е солиден актер, а и тука дава солиден перформанс како храбриот и стоичен претседател Ашер. Тој, а и останатите актери се помирени со фактот дека  сценариото не остава простор за развој на ликовите дури и ако добијат можност за поголема минутажа. Што е навистина штета бидејќи како и претходно, така и London Has Fallen, може да се пофали со цела плејада на одлични актери кои се криминално потценети. Фантастичниот Морган Фримен сега е под претседателот на САД и сведен е на неинвентивна и статична улога во Белата куќа, а истото може да се каже и за фантастичните Џеки Ерл Хејли, Мелиса Лео и Роберт Фостер. Тие се номинирани или добитници на Оскар кои заслужуваат многу повеќе.



И режисерот Неџафи (најмногу поради неквалитетното сценарио), но и делумно по ужасните специјални ефекти и нестабилната режија го направил London Has Fallen „глупав“, но гледлив и на моменти забавен филм. Речиси целосно е соголен од чувството за тензија или пак непредвидливост. Нешто што и тоа како ни е потребно кога гледаме филм како London Has Fallen.


С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...