Улогата на Бен Хур е синонимна за легендарниот актер Чарлтон Хестон.
Тој дури и се закити со статуетката Оскар за улогата на Јуад Бен Хур во култниот филм од 1959-та година. Епската авантура до ден денешен се смета за една од најдобрите филмови кои воопшто се снимени и само еден од 3-те воопшто кои успеале да освојат дури 11 Оскари.
Но, сега во 2016-та година филмските фанови ќе може да го очекуваат и римејкот на овој филм со младиот Џек Хјустон во улогата која ја толкуваше Чарлтон Хестон- таа на Јуад Бен Хур.
Џек Хјустон е син на Тони Хјустон, внук на легендарниот режисер Џон Хјустон и правнук на Волтер Хјустон. Неговата тетка е Анџелика Хјустон и тој е потомок на една од најуспешните филмски фамилии во Холивуд.
Дури 3 генерации во неговата фамилија имаат освоено еден или повеќе Оскари, но самиот Џек ја започна кариерата во 2004-та година со ТВ римејкот на уште еден епски филм Spartacus.
Веќе беше и писателот Џек Керуак во Kill Your Darlings, а соработуваше со режисерите како Дејвид Чејс, Дејвид О. Расел, браќата Коен и Мартин Скорсезе на одличната серија Boardwalk Empire по која е препознаван.
Но, кои се филмовите во кои можете да го погледнете Џек Хјустон пред премиерата на Ben Hur во август?
Factory Girl- 2006
Shrink- 2009
Mr Nice- 2010
Two Jacks- 2012
Not Fade Away- 2012
Kill Your Darlings- 2013
Night Train to Lisbon- 2013
American Hustle-2014
Hail, Caesar!- 2016
Pride and Prejudice and Zombies- 2016
Boardwalk Empire (2010-2013)