Вистината е зад ѕидот?

Наслов:
The Divergent Series: Allegiant

Режија:
Роберт Швентке

Сценарио: Стивен Шобски, Бил Колаџ, Адам Купер, Ноа Опенхајм...

Улоги:
Шајлин Вудли, Тео Џејмс, Ансел Елгорт, Наоми Вотс, Мајлс Телер, Џеф Даниелс...

Времетраење: 120 минути.

Година на издавање:
2016-та

Третиот и предпоследен филм од филмската франшиза The Divergent, сега насловен Allegiant пристигна во кино салите. Повторно со Роберт Швентке зад камерата и Шајлин Вудли пред неа.

Allegiant продолжи кратко по настаните од претходникот Insurgent. По смртта на Џанин (Кејт Винслент) и откривањето дека постои друг свет надвор од ѕидините на Чикаго, Евелин (Наоми Вотс) ќе стори сè што е во нејзина сила да ги затвори ѕидовите и да спречи луѓето да излезат од градот. Сепак, Трис (Вудли), Тобијас „Четири“ (Џејмс), Питер (Телер), Кејлеб (Елгорт) и Кристина (Кравиц) ќе успеат во тоа и ќе заминат да го пронајдат тој свет. Поточно Бирото за генетичко здравје и директорот на „институцијата“ Дејвид (Џеф Даниелс). Тоа што ќе го најдат ќе биде изненадувачко и страшно за сите, но тоа што ќе го остават зад себе во Чикаго ќе биде уште пострашно.



Гледањето на Allegiant, третиот дел на Divergent серијалот е како да гледате лоша врска која полека почнува да се распаѓа. Започна добро, но со секое наредно продолжение, таа полека бледее во сеќавањата. Allegiant е гледлив во најдобрата смисла на зборот, но ако се обидеме да бидеме дарежливи понатаму би било лага. Но, да се обидеме барем да ги споменеме позитивните нешта во Allegiant, колку и да се незабележливи споредени со лошото во филмот. Хемијата меѓу Четири и Трис е се уште присутна и покрај фактот што нивната врска тапка во место.



На моменти видовме можност таа да биде ставена на тест, но сценаристите како необјасниво да ја напуштиле идејата за тоа.

Во ликот на Четири конечно сфативме дека има актер кој е многу повеќе од само убаво лице. Тоа е доволно јасно, но требаше време и посветеност од Џејмс да сфатиме колку е голем неговиот труд да ни прикаже перформанс како тој во Allegiant. Тој добива и повеќе физичка акција, присуство пред камерата во овој филм, а на дело ја гледаме и харизмата на актерот. Сепак, на сметка на поголемата изложеност на ликот на Четири, хероината од претходните два дела, Трис Прајор е некако ставена зад кулисите во Allegiant. Нејзиниот, како и останатите ликови тука се криминално неразвиени од сценаристите и покрај тоа што најмногу има простор за тоа.



Таа е повеќе заведен „лабораториски глушец“ отколку силен воин способен да урне еден режим на опресија. Со слабиот развој на хероината во Allegiant, за жал добивме и неуверлив и пасивен негативец. Што е навистина штета бидејќи Дејвид, шефот на бирото е портретиран од маестралниот Џеф Даниелс. Но, како и за криминалното потценување на ликовите (а и на развојот на сторијата која едноставно не нè води никаде) ги обвинувам сценаристите.

 

Не е ниту чудо што Роберт Швентке се откажа од режирање на 4-от дел на Divergent. Мрзеливоста на сценариото, дупките во истото и пресвртите кои повеќе не бунат едноставно се премногу проблеми дури и за него. Tој навистина се потрудил да го изгаси оганот на моменти. Тоа го прават повеќе елементи од филмот.



Неквалитетните и „ефтини“ специјални ефекти се замаскирани со солиден сет дизајн, костимографија, а слабите ликови со одличен кастинг. Тука би го споменале солидниот Бил Скарсгард во улогата на Метју, десната рака на Дејвид, фантастичната Наоми Вотс како Евелин, мајката на „Четири“, но и талентираниот Мајлс Телер во секогаш циничниот и амбивалентен Питер.



Четворицата сценаристи се обиделе да начнат повеќе теми во Allegiant. Затворањето на луѓе во ѕид и обидот да избегаат, поделбата на херои и предавници, вредноста на луѓето кои се генетски „чисти“ и „оштетени “ и генетичката манипулација како концепт за вештачка еволуција. Но, сите тие одлични идеи или се почнати па напуштени, или пак доведени до степен на конфузија за гледачот. Речиси како и самиот филм, не само идеите во него.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...