За џганот- за отпишаните

Наслов:
Џган

Режија:
Вардан Тозија

Сценарио: Вардан Тозија

Улоги:
Мартин Ѓоргоски, Никола Ристановски, Дениз Абдула, Ристо Буразденов...

Жанр:
драма

Времетраење: 100 мин.

Година на издавање:
2016

Џган е првиот долгометражен филм во кариерата на Џардан Тозија. Сниман низ Скопје, со микс на млад свеж талент, но и докажани легенди пред камерата, Џган е брутален колку и што е реален. Но, тоа е добро. Понекогаш ни треба да биде и двете.



Во него Филип (Мартин Ѓороски) и Петар (Дениз Абдула) се само двајца од штитениците на центарот за деца без родители во Скопје. Заборавени од општеството, искористени од системот. Единствениот „зрак на надеж“, единствената заштита и форма на образование ја добиваат од професорот Горан (Никола Ристановски). Всушност повеќе се тоа животни лекции за тоа што следи откако ќе излезат од домот, но по траумата која Филип ќе ја искуси една вечер, во него (а и во останатите од домот) ќе поттикне одмазничка мисија кон сите кои им згрешиле.



Би сакала да кажам дека Џган е студија на карактери, но по гледањето сметам дека е „студија“ на нашето општество. Трагична приказна на нашето секојдневие во кое главните ликови се недолжните лица кои ние ги претставуваме како нашата иднина. Но, сепак Џган не само што ни ја покажува реалноста во која искрено никој не ја сака таа иднина, туку и лицата кои прават таа да биде уште потемна. -Од Знаеш ли кој сум јас? И знаеш каде се имам човек, си патиме искрено.  Во меѓувреме слушаме како тие истите ги нарекуваат децата „пацови“, а и самиот наслов на филмот ги етикетира и под едно заедничко име. Џган. Тозија ни ги претставува овие деца (бидејќи се деца) како психички, физички и сексуално злоставувани, уценувани и експлоатирани индивидуи, и тоа за жал е само дел од бруталната реалност која ја споменав претходно. Во Џган на Тозија ќе најдете моменти на инспирација од Fight Club, а дури и на A Clockwork Orange на Кјубрик, суптилно донесени на ова подрачје и претопени во една поинаква скопска приказна.



Во поглед на перформансите Никола Ристановски е стандардно фантастичен и само уште еднаш докажува дека не постои лик што не може бравурозно да го одигра. Но, глумата на „новајлијата“ Ѓорѓоски во улогата на Филип  е толку емоционално комплексна и физички брутална (како и самиот филм впрочем) што дури е понекогаш болно да се гледа. Само забележете го добро погледот полн со гнев и агресија кој најчесто е „ловен“ од Тозија во гро план. Ако смеам да направам забелешка и споредба, помалку потсетува на војникот Пајн (Винсент Д’Онофрио) во Full Metal Jacket, но аплауз треба да се даде и на Дениз Абдула за дијаметрално спротивната улога, таа на Петар. Подеднакво маестрален и забележителен во Џган.



Но, ликовите како тој на Петар или Горан кои не само што ќе ги толерирате, па дури и ќе ги засакате се премалку во овој филм, а уште помалку за кои и емоционално ќе се приврзете до крајот на филмот. Што само уште еднаш ја потрврдува темната страна на Џган. Неа можете да ја најдете и во самите карактери, не само во темата. Филмот беше промовиран со мотото „Никој не е роден насилен”. Двајцата (Филип и Петар) можеби најдобро ја објаснуваат прогресијата на нивните ликови, во насоките во кои Тозија ги однесе. Потребни ни беа два различни спектруми, две различни личности, растени во речиси идентични услови да ја сфатиме целата поента на самото мото, а Тозија совршено ни ги прикажа.



Тозија во Џган вешто си поигрува со камерата и го користи целосниот нејзин потенцијал, во динамичните а и во статичните сцени. Дури и во сцените во кои едноставно нема ни дијалог. Забележете ги сцените кога ќе ни прикаже кадри фокусирани на нозете, на одот на дел од ликовите. Едноставно наеме дека нешто бедно или трагично ќе се случи. Одот на Марија Кондовска во ходникот на домот, или пак  грабежот на „деликвентите“ во воведната сцена. Но, тие моменти на тишина пред бурата се моментите во кои го воочуваме талентот на Тозија како филмејкер, надополнети со фантастичната музика од Алек Пејовски, прават филмот да биде уште побрутален за гледање. А, тој е доволно брутален верувајте.



Ми се допаѓа што Тозија не се обидува да ни го ублажи филмот од ниту еден аспект. Социјален, правен, економски.... А зошто би не заштитувал? Затоа што децата претставени во Џган се малцинство, а остатокот ги гледа нивните проблеми како „зараза“ која ќе можеме да ја прифатиме? Само погледнете го моментот кога таткото на Јана (Сара Климовска) му нуди пари на Петар за да не се приближува на ќерка си. Во тој момент се прашував колку други истото би го направиле? Премногу.

Никој не е роден насилен, е мотото кое го води филмот. Но, како што ни покажува тој, на дел од нас ни е потребно дури и малку да станеме. А да не зборувам за живот поминат како „пацов“. Џган само не потсетува на тоа.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...