Големата геријатриска грчка свадба

Наслов:
My Big Fat Greek Wedding 2

Режија:
Кирк Џонс

Сценарио:
Нија Вардалос

Улоги:
Нија Вардалос, Џон Корбет, Лејни Казан, Елена Компурис...

Времетраење:
93 мин.

Година на издавање:
2016-та


Нија Вардалос пред 14 години доживеа фантастичен успех со My Big Fat Greek Wedding. Малечкото филмче со буџет од само 5 милиони долари заработи речиси 400 милиони. Нија освои номинација за Златен глобус за портретирањето на Тула Портокалос, а како сценарист заработи и номинација за Оскар, во категоријата најдобро оригинално сценарио. Не успеа да ја освои статуетката (таа отиде кај Педро Алмодовар за Talk To Her), но малечкиот и изненадувачки хит ја катапултираше Нија во Холивуд. Сега се врати и со второто продолжение.



Во My Big Fat Greek Wedding 2 како што наговестува насловот повторно инволвира свадба, но не таа на Парис, ќерката тинејџерка на Тула (Нија Вардалос) и Ијан (Џон Корбет). Како и нејзината мајка така и оваа 17-годишна средношколка е засрамена од семејството и постојаниот притисок да и најдат маж. Но, сега свадбата ќе биде фокусирана на Марија (Лаини Казан) и Костас (Мајкл Константин) Портокалос. Очигледно нивниот брак од 50 години е непостоечки (поради техничка грешка кај попот кој ги венчал) и Марија ќе бара повторно запросување, но и нова свадба.



Зошто продолженијата на одличните филмови најчесто се потпираат на репликите и комедијата во нив. Зошто сценаристите сакаат хуморот да ја носи тежината на филмот или како што веќе видовме актерите во продолжението- најчесто во зголемен број? Zoolander 2 ги направи сите тие нешта да бидеме искрени. Зошто едноставно не ја применат истата формула и да направат сторијата да тече без да биде само филмска лента за шеги? Не дека тие не се добредојдени, но под непријатниот стеротипен хумор, речиси и да нема ништо суштинско во My Big Fat Greek Wedding 2. Причината поради која се вљубивме во првиот филм беше хумористичниот и топол приказ на едно имигрантско блиско семејство, традициите кои ги задржало во новата „татковина“ и зачувувањето на идентитетот во неа.



Сега сите тие нешта се претворени во навредливи шеги, гротескен хумор и уште понеподносливи формирани карактери и покрај тоа што во најголемиот дел ги имаме повторно истите ликови од првиот дел. Просто да не  ви се верува дека двата филма се напишани од истата личност. Костас Портокалос сега е убеден дека е директен потомок на Александар Велики и на стари години ќе научи дури да ракува на компјутер/интернет за да ја пронајде ганеологијата се до Александар. Од хуморот во My Big Fat Greek Wedding 2, Вардалос внела и коснтантни шеги дека речиси сè што знае западниот свет поекнува или е измислено во Грција, но тие се премногу и избледуваат по првиот половина час.

Во остатокот таа се обидела да се осврне и на младите ликови (не само не старите младенци) преку изборот на Парис да замине на колеџ подалеку од нејзиното лудо семејство, но разочаува што направила со нејзиниот лик. Тула, ликот кој од „грдото пајче“ се претвори во прекрасен лебед, ликот кој што ги издржуваше семејните догми и предрасуди и која се омажи за Ијан (кој не е Грк), сега е сведена не безлична, безцелна разочарана личност. Тоа најмногу ме заболе.

Настрана што сега има ќерка која е копија на неа во младоста (засрамена од семејството), самата Тула е без работата која ја обожаваше (сега помага во семејниот ресторан), а и без бракот на кој се надеваше. Да Ијан. а и самиот Џон Корбет во улогата на екстремно толерантниот сопруг на Тула се повторно прекрасни, но искрата во нивниот брак е речиси непостоечка и очајно се обидуваат да си ја вратат.



Во непотребни појавувања можеме да ги видиме и Рита Вилсон и Џон Стамос (Рита е еден од продуцентите на филмот), но во целиот филм е речиси непотребена. Со варијација на истите теми и повторување на истите шеги, со навредлив хумор, криви линии во нарацијата и уште поужасни ликови, Fat Greek Wedding 2 е разочарувачки следбеник на толку квалитетна комедија.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...