Могли се врати дома

Наслов:
The Jungle Book

Режија:
Џон Фавро

Сценарио: Џастин Маркс

Улоги:
Нил Сети, Бил Мареј, Бен Кингсли, Идриз Елба, Лупита Нјонго...

Времетраење: 105 мин.

Година на издавање:
2016-та


Disney со live action адаптациите (рециклирањата да ги наречам) на класичните филмови од минатото веќе подолго време пронаоѓа нов извор за заработка, но во исто време и нови генерации на публика. Cinderella, Maleficent на пример се покажаа како успешни верзии на класиките, а сега во 2016-та година пристигна и The Jungle Book во live action верзија. За следните неколку години се „закажани“ и новите адаптации на Pinocchio, Beauty And The Beast, Cruella, Dumbo и Mulan, но за сега да се фокусираме на Могли и „дружината“ во џунглата.



Могли (Нил Сети) уште како бебе бил пронајден од пантерот Багера (Бен Кингсли) и одгледан во глутницата на волци предводена од Акела (Џанкарло Еспозито) и Ракша (Лупита Нјонго). За време на екстремните суши животните во џунглата живеат во „водено примирје“, но тоа примирје ќе биде прекинато кога Шир Кан (Идриз Елба) ќе се закани дека ќе го убие малечкиот Могли како што направил со неговиот татко. Могли ќе избега и ќе најде привремен дом кај мечката Балу (Бил Мареј), но кога заканата на Шир Кан ќе биде преголема за да се игнорира, тој ќе мора да се врати дома и да се соочи со непријателот.



Фавро и сценаристот Џастин Маркс, во The Jungle Book ни прикажаа  одлично дело кое плени со квалитет во CGI изработката на самата адаптација, но и со фантастичен кастинг во изборот на самите актери. Фасцинира реалноста и совршеноста во која се создадени животните со кои пораснавме. Навистина прецизноста и деталите со кои се оживеани едноставно прават да се запрашате дали на филмското платно гледате компјутерски генерирани животни или малиот Нил Сети е опкружен со вистински волци, мајмуни, пантери и мечки. Се разбира не смее да се игнорираат и гласовите кои ги придружуваат тие ликови. Бен Кингсли е фантастичен како пантерот Багера, но навистина ќе ве воодушеват Идриз Елба како Шир Кан, Кристофер Вокен како кралот Луи, но и маестралниот Бил Мареј, како Балу, веселата мечка која собира саке и мед за „хибернација“ во џунглата.



Малечкиот Нил Сети е единствениот актер со реплики кој всушност не е CGI креиран и е апсолутно прекрасен. Природен, зборлест и пресладок пред камерата и покрај фактот што The Jungle Book е актерско деби во играните филмови.



Но, ако ги тргнеме визуелните достигнувања на FX тимот и стабилната режија на Фавро, можеби најмногу фасцинираат темите кои сценаристот Маркс ги начнал во оваа верзија. Во ликовите напишани од Маркс ќе најдете повеќе хуманизам, почит и солидарност од било кои други оваа година. Фасцинира сурогат татко-син врската која како нишка ни ја прикажа во односот на Багера и Могли, но и заштитничкиот однос на Ракша кон Могли. Тој не е ниту волк, но оваа силна и прекрасна волчица го израснала како свој син. Дури и така го нарекува пред сите останати во глутницата. Могли можеби нема крзно и не оди на четири нозе, но тоа не ја спречува да го сака како свое чедо.



А кога сум кај тој хуманизам и солидарноста... Тие не се ексклузивно препишани за поединците. Тука гледаме како животните во џунглата имаат „водено примирје“. Секогаш кога има суша, сите имаат дозвола да пијат од најголемото езерце без страв дека ќе бидат изедени од предаторите. Сите го почитуваат тоа примирје во време на криза, но во исто време ја воочувате и силата на држењето еден до друг. Посилни сме заедно е мотото. Силата на глутницата е најевидентна на самиот крај на The Jungle Book, а таму некаде можеме да ги слушнеме и двете музичките нумери кои беа дел од анимираната класика од 1967-ма година. The Bare Necessities и I Wan'na Be Like You испеана од Оскаровецот Кристофер Вокен.



The Jungle Book е вистинско уживање за фановите. Можеби потемен во водењето на сторијата, и со помалку хумор, но со повеќе човечност. Вреди да се погледне.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...