Некој меѓу нас навистина не е наш!

Наслов:
Midnight Special

Режија:
Џеф Николс

Сценарио:
Џеф Николс

Улоги:
Џејден Лејбхер, Мајкл Шенон, Џоел Еџертон, Кристен Данст, Адам Драјвер, Сем Шепард...

Времетраење: 111 мин.

Година на издавање:
2016-та


Џеф Николс е човекот за кој треба да знаете, а и режисерот чии филмови не смеете да ги пропуштите. На возраст од само 29 години го прикажа своето првенче, Shotgun Stories, а од тогаш па се до сега пријатно изненадува со секој нареден проект. Покрај тоа што е и комплетен автор на неговите филмови (има и финален кат врз нив), сите претходни 3 дела го содржат фантастичниот Мајкл Шенон во една од улогите. Да не заборавам, тоа е и режисерот кој веќе им рече НЕ благодарам на DC за режирање на Aquaman филмот, но за тоа ќе се навратам при крајот на текстов.



Мислат дека си оружје, му вели Пол Севиер (Адам Драјвер) на малиот Алтон (Џејден Лејбхер).
-Не сум, вели тој.
На ранчот мислат дека си нивниот спасител.
-Не сум ништо од тоа.


Алтон (Џејден Лејбхер) е многу посебно 8-годишно детенце во Midnight Special. Поседува посебни моќи поради кои мора да носи сини очила за пливање и да спие со слушалки за придушување на звук. Тој бил „киднапиран“ и изнесен од „Ранчот“ религиозен култ во Тексас воден од Калвин (Сем Шапард) и сега има потера по него. „Киднаперот“ е всушност биолошкиот татко Рој Томлин (Мајкл Шенон) кој заедно со неговиот пријател Лукас (Џоел Еџертон) треба да го однесат Алтон на специфична локација и на точно одредена дата. Тоа ќе биде потешко за остварување ако се знае дека Алтон е баран не само од FBI туку од многумина, бидејќи е перцепиран како закана.



Ако сте ги погледнале претходните дела на Николс ќе забележите и неколку други доминантни карактеристики кои 38 годишниот режисер сака да ги има во своите дела. Присуството на татковската врска за почеток. Без разлика дали е тоа со биолошкиот татко, отсутниот татко или сурогат таткото сите ликови имаат печат и поврзаност со татковска фигура од било каков вид. Истата ќе ја забележите и во Midnight Special помеѓу Рој и Алтон. Ние можеби не гледаме развој на ликовите низ прогресијата на дејствието, но секако гледаме развој во конекцијата меѓу сите нив. Таа е во мали дози, но е присутна. Дознаваме по малку за нивното минато, за карактерите, а и за посветеноста на ова „квази семејство“ да дојде до целта во тешки околности.



И можеби најважното нешто поради кое Џеф се издвојува над грото од автори од Холивуд, тој не остава нас- гледачите да бидеме во „магла“ колку што можеме повеќе. Тој ја гради тензијата не со специјални ефекти (иако ги има и се одлични), туку со дијалог. Особено во сцените со интервјуата на Пол Севиер (Адам Драјвер) и лицата во култот. Но, искрено и со алатката во рацете на Николс. Камерата. Со малите нешта во кои и да не можете да најдете кинематографски забавни детали, тој ќе успее да ги најде. Земете ги сцените со возењето во автомобилот. Тие се премногу на број, но дел од нив ги направил забавни со тоа што направил Лукас (Џоел Еџертон) да носи очила за ноќно гледање додека вози со исклучени фарови. Да биде невидлив за радарот на полицијата на автопатот, а и Николс да го направи филмот уникатен во најдосадните сцени. Паметен избор нели?.



Првиот момент во кој ги воочуваме моќите на Алтон доаѓа по повеќе од 20 минути од филмот, но веднаш потоа слушаме како човек кој го познавал момчето во обидот да ги објасни тие моќи вели: не знам од каде да почнам. Што само укажува дека има уште за кои не знаеме, а кои претпоставуваме дека ќе ни бидат прикажани. Што само докажува дека Николс сака да ја води приказната како добар крими роман, поглавје по поглавје. Николс сака да не држи и со прашалници над главата, а и да биде еден чекор пред нас. Што не е така лошо, бидејќи тоа е некако изгубена форма на уметност денес. Ќе ја забележите и очигледната инспирација на Николс од делата како Star Men (на Карпентер), Close Encounters (на Спилберг) па дури и X- Files и Twillight Zone во Midnight Special, но и љубовта на Николс да снима со деца во актерската екипа. Тука се повеќе од очигледни сите нешта.



Додадете ја на тоа одличната кинематографија од Адам Стоун, пулсирачката музика од Дејвид Винго и фантастичната глума од Мајкл Шенон, Адам Драјвер и Џоел Еџертон, како и од малиот Џејден во главната улога на „посебниот “ Алтон, може и да се прости на Николс за мааните. Како на пример за криминално неразвиениот (а ако подобро размислиме непотребен) лик на Сара (Кирстен Данст), мајката на Алтон. Таа е речиси непотребна во сторијата, до степен и да не беше воопшто присутен нејзинит лик, филмот ќе функционираше супер и без неа.





Николс можеше да направи блокбастер од Midnight Special. Веќе се уверивме во талентите на режисерот дека може, но зошто тоа би го направил кога и со релативно тивок и мал СФ/roadie филм би го имал речиси идентичниот резултат. Само ако знаеш како да го направиш тоа. А што се однесува до DC….

-Во DC универзумот, толку многу одлуки се веќе донесени, што ако прифатев ќе се чувствував како да скокам во движечки воз. Но, не сум таков човек. Подобро се чувствувам кога стојам покрај возот.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...