Милчо Манчевски во Њујорк го снима петтиот филм - „Бикини“

Скопје, 27 април 2016 (МИА) - Милчо Манчевски на њујоршки Менхетен и во Бруклин го режира својот петти игран филм „Бикини“. Деновиве проектот „Бикини“, по сценарио и во режија на Манчевски, влезе во последните фази на претпродукција и снимени се почетните материјали, а првата клапа ќе падне на 9 мај.



- Новиот филм е за Бикини, харизматична, темпераментна и неспокојна поранешна жена-маринец, која се враќа од Ирак и ненамерно станува центар на документарен филм, додека се обидува одново да се интегрира во општеството и да си го поврати старателството врз малата ќерка. Станува збор за прв долгометражен филм на Манчевски во САД по епизодата на серијата „Прислушкувачи“ (The Wire) која тој ја режираше за „Ејч-Би-О“ во 2002 година, соопшти С-прес. 

Наслвната улога ќе ја игра Кондола Рашад, позната од новата ТВ-серија во САД „Милијарди“ и од бродвејската верзија на Шекспировата „Ромео и Јулија“ со Орландо Блум. Рашад е, инаку, ќерка на позната актерка - Фелиша Рашад која се прослави со серијата „Козби шоу“.

Другите главни улоги Манчевски им ги додели на актерите во подем Сара Голдберг, Вил Џеновиц и Сатја Сридхаран.



- Како и моите досегашни филмови, „Бикини“ зборува за природата на вистината, лагата и илузијата. Филмот ќе го има мирисот на Њујорк, се снима на повеќе локации во градот кој ми е втор дом и многу го сакам. Имаме извонредно талентирана екипа - и актерска и филмска. На овој филм се изборив за апсолутна креативна слобода, без мешање од финансиери, продуценти или политичари, со целосна доверба и хармонична соработка. Ова е еден од ретките американски филмови каде што авторот има право на фајнал кат (право на финална верзија), изјави Манчевски. 

„Бикини“ е копродукција меѓу САД, Канада и Германија и е прв филм на Манчевски во кој не учествува Македонија. Се снима на повеќе локации низ Њујорк, како и во едно бруклинско студио. Директор на фотографија е младиот Џошуа Вајнстин од Њујорк, а продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Лондон,  кој соработува со Манчевски на сите негови филмови.

Манчевски претходно ги сними „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ кои се прикажани на сите шест континенти, со комерцијална дистрибуција во над 50 земји, проекции на над 200 фестивали и над 40 меѓународни награди, меѓу кои и Златниот лав во Венеција и номинација за Оскар.

По студиите во САД, Манчевски од 1985 година живее во Њујорк  каде предава филмска режија на постдипломски студии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...