Премиерата на Captain America- Civil War е закажана за оваа недела, а актерите од најновиот блокбастер на Марвел веќе ја привршуваат промотивната турнеја во американските медиуми.
Па затоа, Крис Еванс и Елизабет Олсен, актерите кои ги толкуваат улогите на Стив Роџерс/Капетан Америка и Ванда Максимоф/Скарлетната вештерка беа дел од шоуто на Елен Деџенерис изминатиот викенд.
Таму Крис се погрижи да ја исплаши колешката, но и да добие доза од препознатливиот хумор на водителката.
Добро плашење, овој пат потпомогнато со Iron Man.
Погледнете ги Крис и Елизабет.