Секс, хаос и анархија во облакодерот

Наслов:
High Rise

Режија:
Бен Вијлти

Сценарио:
Ејми Џамп

Улоги:
Том Хиделстон, Сиена Милер, Лук Еванс, Елизабет Мос, Џереми Ајронс...

Времетраење: 120 мин.

Премиера:
2016-та година


Уште во воведната сцена од High Rise го гледаме докторот Роберт Лејнг (Том Хиделстон) како седи на балконот од неговиот стан. На 25-от спрат од високиот 40-катен облакодер во Лондон речиси во руини седи и врти бут од кучето на импровизиран ражен кое пред само неколку кадри го галеше. Да, тоа е воведната сцена во High Rise. Брутална, грозоморна и шокантна, но тоа е само почетокот. Режисерот Бен Вијтли заедно со сценаристката (и сопруга) Ејми Џамп веднаш потоа не навраќаат 3 месеци порано, кога и започна лудилото.



Лејнг е тазе вселен во стан на 25-от кат. Депресивен од неодамнешната смрт на сестра си, па новиот дом во облакодерот за него значи и нов почеток. Тој полека ги запознава дел од станарите, ужива во сите благодети кои ги нуди самата зграда (базен, теретана, супермаркет...), а ужива и во декадентните и луди забави на станарите. Тие од долните спратови (сиромашната ниска класа) како Ричард Валјдер (Лука Еванс) и неговата бремена сопруга Хелен (Елизабет Мос), самохраната мајка Шарлот Мелвил (Сиена Милер) која со синот живеат еден спрат над него, но и Ентони Ројал (Џереми Ајронс) архитектот на зградата кој живее во луксуз на последниот 40-ти спрат. Но, што ќе се случи во оваа мала утопија, кога самата зграда ќе започне да се распаѓа? Хаос, насилство, анархија и масовно лудило.



На површината High Rise е како и самата зграда во која живеат станарите. Стерилно грандиозно и елегантно издание на површината, но емоционално празно и на моменти вознемирувачки насилно дело под неа. High Rise е приказна за илузијата на декаденцијата исто колку што е алегорија на едно повеќе класно општество, а можеби уште повеќе и социјална критика на истото. Во поделбата на „класите“ меѓу спратовите (од сиромашните на долните спратови, средната класа во средината и најбогатите најгоре) гледаме и алегорија на еден систем кој како и самата зграда полека почнува да покажува пукнатини и деформитети.



Тригерот за тоа е тука, бунтот е неминовен, но режисерот Вијтли и Џамп во сценариото направиле самата зграда да биде ѕвездата на филмот во првата половина, а ликовите во втората. Поточно нивните постапки. Забележете како Вијтли во првиот час употребил зум на ликовите, а широки кадри на ентериерот? Тоа не е случајно. Во таа прва половина фокусот го насочил на визуелната убавина на зградата. На совршеноста со која ни е претставена. Таа има се. Дури луѓето во неа немаат потреба да ја напуштат во најголемиот дел. Продукцискиот дизајн е беспрекорен во High Rise, а исто така и костимографијата, шминката кои го доловуваат совршено духот на Лондон од 70-те.



Како полека но, сигурно хаосот настанува, Вијлти го трга фокусот од самата зграда и речиси во контраст го насочува на спротивното. Да, физичкиот распад на зградата е секако присутен за да го видиме, но тука тимот зад High Rise повеќе се фокусирал на распадот на системот. На грдосијата која ја има во луѓето кои живеат во неа. Зборувам за внатрешноста на станарите. Речиси сите од ликовите се плитки, лишени од било какви комплексни емоции, примарни одговорности, вина или пак совест. Но, во поглед на перформансите тој на Хиделстон е „лепакот“ кој ги држи сите останати заедно. Без разлика дали е поради недоволното внимание и грижа па и минутажа посветени на останатите. Хиделстон во улогата на Лејнг уште еднаш докажува дека е можеби најталентираниот, најхаризматичниот примерок на неговата генерација.

Сиена Милер и Лук Еванс се подеднакво солидни, а Оскаровецот Џереми Ајронс е стандардно фантастичен. Сепак со некохерентната улога на Ентони Ројал, архитектот на зградата, не добиваме доволно од Ајронс пред нас. Но, некохенрентен е описот и за водењето на дел од сторијата напишана Ејми Џамп, не само на ликовите. Со времетраење од 120 минути, е најдолгиот филм во кариерата на Вијтли, и можеби тоа е проблемот. Поради неурамнотеженото сценарио на моменти губи темпо, но за среќа тие моменти се кратки.



Сепак, не смеам да ја заборавам и фантастичната музика во High Rise, дело на маестрото Клинт Мансел, а особено обрнете внимание на повеќето верзии на психоделичната SOS кои тој ги направи. Со секоја верзија на песната ни наговестува дека следува нова етапа на лудилото. Од класична до поп верзија испеана од Portishead. АБА никогаш не звучела толку фантастично како сега во High Rise.



High Rise е провокативно, бизарно, насилно и конфузно дело, но не може да се каже дека му недостасува амбиција. Во визуелната виселарна креација на самата продукција (продукцискиот дизајн), а и во талентот со предоминантно англиска екипа пред и зад камерата во обид да ја пренесат култната книга од Џејмс Греам Балард на филмско платно. За нијанса до ремек дело, но и дело кое вреди да се погледне.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...