Навистина заедно сме посилни?

Наслов:
Captain America- Civil War

Режија:
Џо и Ентони Русо

Сценарио: Кристофер Маркус и Стивен Мекфејли

Улоги:
Крис Еванс, Себастијан Стан, Ентони Меки, Роберт Дауни Џуниор, Том Холанд, Чедвик Босман, Даниел Брул, Пол Бетани...

Времетраење:
147 мин.

Година на издавање:
2016-та

Captain America - Civil War не ни го губи времето, а искрено нема поента и јас тоа да го правам, особено во најдолгиот филм кој Marvel ни ги прикажа до сега. 147 минути да бидам попрецизна.

Уште на почетокот, Стив Роџерс (Крис Еванс) и остатокот од „одмаздниците“ се на мисија во Лагос, Нигерија. Треба да го сопрат Брок Румлоу (Френк Грило) да украде биолошко оружје од лабораторија, но мисијата ќе заврши со многу недолжни жртви. Токму поради последниот инцидент (и низата претходни), ОН ќе го подготви „договорот од Соковија“. Правен документ потпишан од сите држави на планетава со кој „одмаздниците“ ќе добијат повеќе контрола на постапките. Тони Старк (Роберт Дауни Џуниор) е за, но Стив Роџерс е против. Договорот за момент ќе биде ставен во втор план кога „одмазниците“ ќе добијат нов непријател. Тој е од Соковија - Хелмут Земо (Даниел Брул).



Captain America - Civil War е најкомплексниот, но во исто време и најинтимниот филм кој до сега во 8-годишното постоење го создаде MCU. Како никогаш до сега го гледаме  пријателството меѓу Баки (Себастијан Стен) и Капетанот ( Крис Еванс). Тој буквално ќе помине низ пекол не само да го пронајде, туку и да го одбрани од сите кои сакаат да го видат или зад решетки или мртов. Нивното пријателство никогаш не било посилно, а филмот не само што ни дозволува да ги видиме супер хероите во најемоционалните состојби (па дури и физички), ни помага да ги воочиме и нивните маани. Без разлика дали тоа се стравовите од сопствените моќи, вината која ја чувствуваат или пак, багажот од минатото кој го носат со себе.

И навистина треба да се даде посебен аплауз за Маркус и Мекфели кои во сценариото солидно ја водат приказната уште од The First Avenger. Најпрво можеби би се кажало дека маана се многуте стории во сижето на филмот кое го составиле, но сите имаат смисла и заедничка конекција. Секако центарот на сите е заштитата на Баки, но и дебатата на „одмаздниците“ за тоа дали им е потребна поголема контрола, е солидно претставена. Вие ги слушате и ги разбирате аргументите на двете страни. Разумно се претставени, и едноставно ги разбирате позициите на Тони и Капетанот подеднакво. Дали ќе заземете нечија страна останува на вас, но според мене никој не е е во право и никој не е грешка во аргументите.



Но, неколку нешта од Civil War ќе останат како добар пример за идните генерации при составувањето на блокбастер филм со толку многу супер херои. Соодветно претставување на новите ликови кои претходно не биле дел од Capt. America. Тука треба да се напомене и фантастичната кастинг одлука за да се донесат Пол Руд како Скот Ленг/ Ant Man, Чедвик Босман како / Black Panther и Том Холанд во улогата на Питер Паркер/Spiderman.

Неблагодарно е да се одбере кој од нив е подобар, но конечно Спајдермен е тоа што треба да биде на филм. Сиромашен, наивен збунет тинејџер кој лесно се манипулира со пари и ветувања. Но, 19-годишниот Том не го портретира Питер Паркер. Тој е Питер Паркер. Да, тој е толку добар. Крис Еванс, Себастијан Стен се маестрални во улогите на Кап и Баки и овој пат, но ќе најдете многу слоеви во перформансот на Роберт Дауни Џуниор. Само погледнете ја сцената на Тони со мајката која го загубила синот во Соковија или пак климаксот во бункерот на Hydra во Сибир. Суров перформанс кој можеби е најдобриот кој Дауни Џуниор ни го прикажа додека е во црвениот костим.



Второ нешто на кое сценаристите обрнале внимание е што им дале момент за да засјаат на сите ликови. Од репликите на сите можеме да добиеме хумор, а речиси никој од нив не го губи фокусот во сторијата. Без разлика дали се во филмот два и пол часа или само 20 минути, никој од ликовите не е запоставен од сценаристите. Секој придонесува за мисијата, а сценаристите дури оставиле моменти за можни љубовни стории како тие меѓу Шерон Картер и Стив Роџерс, но и меѓу Ванда Максимоф и Vision. Повторно дури и тие кратки моменти на интимност во време на страв и несигурност се третирани со хумор и стил.



И можеби најважното нешто кое сценаристите се погрижиле да го има Civil War, а кое често не го гледаме, негативец кој не е воден од мотиви за светска доминација. Не, мотивите на Земо се лични и емотивни, водени од вина како и на речиси остатокот од ликовите, но методите му се полукави. Зошто би се мачел со тешка артилерија кога се што треба да направи внатрешна „експлозија“ и самите супер-херои да се само-уништат. Само размислете. Тој не поседува супер костими или опасни оружја. Успехот да внесе раздор (да тоа делумно го направи и договор од Соковија не само Земо) за момент се должи на неговото планирање. Даниел Брул е совршениот избор за Земо, а искрено ако размислам подобро ова е еден од најдобрите негативци во Marvel-ов филм.



И за крај во духот на самиот филм, дури и акционите сцени од браќата Русо се емотивни како што можете да очекувате. Секако за издвојување воведната во Лагос, долгата и фантастична борба на аеродромот во Лајпциг, но и таа во бункерот во Сибир. Иако има доста хумор и забава во гледањето на сцената на пистата, срцепарателна е последната. Во неа ќе го видите разочарувањето на дел од ликовите, тајните кои ги откриваат и пријателствата кои навидум се растураат.

Се додека не дојде The Avengers - Infinity War (Part 1), со нетрпение чекам да видам како браќата Русо ќе ги поправат нештата од Civil War и ќе ги соберат повторно „одмаздниците“ за Infinity War.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...