За мигрантите - за нас

Наслов:
Лазар

Режија:
Светозар Ристовски

Сценарио: Светозар Ристовски и Грејс Леа Троје

Улоги:
Ведран Живолиќ, Дејан Лилиќ, Наташа Петровиќ, Горан Навојец..

Времетраење:
98 мин.

Година на издавање:
2015-та

Светозар Ристовски, по пауза од Dear Mr. Gacy, ни го претстави најновото дело. Лазар. Трет режисерски обид во кариерата и втор напишан во соработка со Гејс Леа Троје по Илузија.

Насловниот лик го толкува младиот хрватски актер Ведран Живолиќ. Лазар е повлечен човек кој во Штип работи за Мики (Горан Навојец), бос на група на шверцери на мигранти преку македонско грчката граница. Преку ноќ со автомобилот ги превезува мигрантите, а преку ден се обидува да ја одржи „врската“ со Катерина (Наташа Петровиќ). Неговата „кариера“ ќе се искомплицира кога Лазар ќе го инволвира и неговиот зет Тони (Дејан Лилиќ) во илегалните операции, потег кој ќе се покаже како погубен не само за него, туку и за сите останати.



Лазар е солидно парче филмска уметност. Ристовски со него повеќе сака да испрати социјална порака од било што друго. На македонската кинематографија и се потребни актуелни теми во филмовите како тие начнати во Лазар. Можеби визуелно не открива нови „светови“’ во Лазар, но секако открива теми кои ги имаме во секојдневието, а како да замижуваме пред нив. Велам теми (во можина), затоа што под основата за третманот и голготата на мигрантите (а и профитот од нив) Ристовски меѓу темите ја начнал и таа за бугарските пасоши по кои голем дел од нас посегнуваме. Ако не сте запознаени и со самиот процес на еден таков пасош, тој при крајот (и во кратки црти) е објаснет за гледачите. Колку само да се информирате. Но, токму во делот со прикажувањето на самиот илегален превоз на мигрантите забележите дека речиси и да не ги гледаме лицата на мигрантите. Тие се безлични силуети во најголемиот дел, дури и кога Тони (Лилиќ) и останатите ги праќаат со пластични шишиња по течението на Вардар.



Да бидеме искрени тоа не е случајно, дури и медиумите така ги претставуваат во најголемиот дел, а да не споменувам за нивната мака во илегалната активност како таа во Лазар. Но, искрено Ристовски и Троје ни прикажуваат и дека постои малку емпатија меѓу нас за овие лица. Глатка е соработката на Ристовски со кинематографот Дејан Димески во овие сцени. Снимани ноќе со микс на рачна и steady cam, тие се и визуелен микс на тензија од самиот ризик во кој се ликовите и чудна смиреност без дијалог додека трае транспортот. Од Лазар гледаме и како всушност ние профитираме од нивната мизерија, но кога ќе дојде време навистина да сочувствуваме или да им помогнеме, тоа не го правиме.

 

Аплауз мора да се даде за Ристовски, дејствието на Лазар да го смести претежно во Штип, но и меѓу сето тоа сивило да ни прикаже една убава љубовна приказна како таа меѓу Лазар и Катерина (Наташа Петровиќ). Двајцата даваат солидни перформанси, но забележителен по неколку нешта е тој на Ведран во улогата на Лазар. Тивок, повлечен (но не срамежлив) кој претежно глуми со очите, Ведран добро се снаоѓа и со изговарањето на сценариото на македонски јазик. И изненадувачки за толку повлечен и интровертен лик има неверојатно добра хемија со ликот на Катерина. Од нивното запознавање во продавницата за плочки каде што работи Катерина, па се до финалната заедничка сцена на карневалот. Нивните сцени се навистина пријатни и освежувачки во сивилото во кое се наоѓаат ликовите, а така се претставени и нивните интимни моменти.



-Знаеш дека никогаш не сум излегол од државава? Вели Тони (Лилиќ) во една од сцените по испраќањето на мигрантите. И за тоа сивило помешано со реализам за кое зборувам ќе можете да го најдете и меѓу редови, не само во главните теми на Лазар. Реалноста на нашето секојдневие продолжена во недогледната транзиција во која се наоѓаме.
 


Секако не смее да се игнорира и перформансот на Горан Навојец во улогата на Мики, а и тој на Лилиќ како Тони, зетот на Лазар. Неговата прогресија е изненадувачки (изненадувачки бидејќи е спореден лик) најоформена и најкомплетна од сите ликови, од почетокот до крајот на филмот. Лазар прикажува тронки совест, емпатија и дури резервација во нечесната работа, Мики останува клише на крими бос, а Тони е личноста во која дури можете да го опипате распадот на неговиот карактер до самиот крај.



Во конклузија колку и да е солидно и современо парче, филмот на Ристовски е повеќе социјална критика за состојбата во која живееме, за општеството, за нас како нација. Мило ми е што повторно оваа година (после Џган) добиваме нова таква шлаканица. Можеби за друг аспект од нас, но упатена кон нас.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...