Џилијан Андерсон, актерката која помина голем дел од нејзината актерска кариера портретирајќи го еден од најсилните ликови, тој на Дејна Скали во X- Files серијата очигледно сака да биде Бонд, Џејн Бонд.
Актерката на својот Twitter профил сподели фотографија од „потенцијалниот“ филмски постер за првиот женски 007 филм, а под неа напиша:
„It’s Bond. Jane Bond. Thanks for all the votes! (And sorry, don’t know who made the poster, but I love it!) #NextBond.”
По одбивањето на Даниел Креј повторно да ја толкува улогата на тајниот агент во служба на нејзиното Височество, моментално има 2-ца потенцијални актери/кандидати кои треба да го заменат.
Идриз Елба и Том Хиделстон се најсериозните кандидати за улогата на Џејмс Бонд, но Андерсон сака да има Џејн Бонд.
Оваа година фановите на Андерсон ќе имаат можност да ја поглендат во историската драма Viceroy's House.