Апокалипсата е откажана


Наслов:
X-Men: Apocalypse

Режија:
Брајан Сингер

Сценарио: Сајмон Кинберг

Улоги:
Мајкл Фасбендер, Џејмс Мекавој, Оскар Ајсак, Џенифер Лоренс, Софи Тернер...

Времетраење: 144 мин.

Година на издавање:
2016-та



X-Men: Apocalypse започнува во антички Египет. Ен Сабах Нур/Апокалипсата (Оскар Ајсак) е во процес на трансформација во ново тело, кога ќе биде предаден и закопан жив во античката пирамида. Илјадници години подоцна во Каиро, 1983-та година ФБИ агентот, Мојра Мектагарт (Роуз Брн) ќе го „разбуди“ него по пронаоѓањето на 4-та нови „јавачи на Апокалипсата“. Angel (Бен Харди), Storm (Александра Шип), Psylocke (Оливија Ман) и Magneto (Мајкл Фасбендер), и веднаш потоа тој ќе ја продолжи мисијата за светска доминација. Но, за среќа професорот Чарлс Ексавиер (Џејмс Мекавој) ќе го собере мешаниот тим на „ученици“ и пријатели за да се спротистават на непријателот. Не само на X-луѓето, туку непријателот и на човештвото.



Најновото дело на Сингер, пати од синдромот на „пренатрупаност“. Премногу ликови, „origin “ стории, заплети на едно место и ретко кои режисери/сценаристи знаат да балансираат со толку многу стории одеднаш. Сингер и сценаристот Кинбер за жал не успеваат во тоа. Еве за почеток ќе ги земам 4-та „асистенти“ на Апокалипсата. Покрај Магнето и по малку Сторм, останатите двајца (Псајлок и Ејнџел) се едвај „допрени“ од сценаристот, а и нивната прогресија стагнира по запознавањето со Апокалипсата.



X-Men: Apocalypse сега ни нуди микс на веќе познатите ликови од претходните филмови, но и помладите верзии на дел од ликовите. Џенифер Лоренс е овој пат изненадувачки незаинтересирана да го издигне ликот на Мистик од медиокритет, а и Кинберг покрај регрутер/спасител на мутанти не и дал премногу работа во филмов. Џејмс Мекавој е веќе очигледно дека е „одомаќинет“ во улогата на Чарлс Ексавиер, што веќе таа ја чувствува како „втора кожа“ и тоа е фантастично да се гледа од Шкотот.

Сепак, од постариот дел на кастингот, Фасбендер е тој кој фасцинира повеќе од Мекавој. Origin приказната на Магнето е најслоевита од речиси сите ликови, а перформансот на Фасбендер е за неколку нивоа над сите. Едноставно погледнете ја добро сцената во шумата (а искрено и следната во фабриката) и ќе го сфатите речиси целиот лик. Неговите мотиви, приватните трауми и болката низ кои поминал Ерик Леншер за да дојде до вистинскиот Магнето.



Од помладиот дел на екипата Тај Шеридан како младиот Скот Самерс и Софи Тарнер како младата Џин Греј се фантастични, но вистинското изненадување пристигна од перформансот на Коди Смит Мекфи во улогата на Курт Вагнер/Nightcrawler. 19-годишниот Мекфи совршено ја доловил чудната, збунетата, осамената и отфрлената природа на самиот лик, а изненадувачки ќе најдете и доза на хумор во истиот.

Еван Петерс повторно „го краде“ светлото со уште една возбудлива сцена на Qicksilver, во која повторно спасува мутанти со својата брзина (овој пат во училиштето на професорот). Но, и покрај одличната глума, неговиот лик е речиси истиот како и во Days Of The Future Past. Покрај информацијата за неговиот биолошки татко, речиси и да нема ништо ново и возбудливо за него. Тој дури уште живее во подрумот на мајка си.



И така доаѓаме до ликот од насловот, Апокалипсата. Мора да упатам пофалби до тимот да одберат актер од калибарот на Оскар Ајсак за улогата, но уште поважно- да не го одберат „полесниот пат“ и да го направат ликот со CGI. Како што беше случајот минатата година со Victor Doom во Fantastic 4. Костими, многу боја и простетика се изборот за трансформацијата на Оскар Ајсак во Апокалипсата, но за жал под еднодимензионалноста на ликот (глобална доминација и контрола), мотивите и методите на „работа“ на ликот се конфузни и недефинирани до крајот.



И за крај, и покрај одличниот продукциски дизајн, маестралнта камео улога од уште еден одличен мутант, костимографијата од 80-те и изборот на музика од истиот тој период, покрај супстанца, филмот (особено кон крајот) недостасува и естетската суптилност која ја имаше претходникот. Сепак, и покрај разочарувањето во самиот финиш, мило ми е што тимот ја најави Dark Phoenix сагата како тема за следниот дел. Вид на „искупување“ за „гревовите“ направени во Last Stand? Можеби... Но, сега, Сингер и Кинберг во X-Men: Apocalypse ни претставија претежно забавно дело на кое му треба многу повеќе труд за да биде одлично. Многу многу повеќе.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...