„Црни едра” – Вистинска пиратска авантура бесплатно на MaxTV

Тие не се „Пиратите од Карибите“, еден од нив не е Џони Деп, но нема сомнеж дека се пирати и секако дека дејствуваат на Карибите. Дружината од серијата Црни едра (Black Sails), чија прва епизода веќе можете да ја гледате на Pickbox ќе ве освои ако сте љубител на сериите „Викинзи“ и „Игра на тронови“, ако сакате приказни за пиратите и пиратското богатство и за брадести мажи со мечeви на појасот.



Едра и мечeви

Светот на пиратите е брутален, преполн со грабежи и борби, а „Црни едра“ тој свет ќе ви го долови со сета своја валканост уште во првата епизода. Почетната сцена претставува еден пиратски брод кој напаѓа друг брод, има многу мртви, мечeви и секири кои летаат на сите страни, а тој што ќе преживее, подобро е да не зборува што доживеал.

Времето во кое оперира пиратската дружина од Карибите под капетанот Флинт се случува на самиот почеток на 18 век, а дејството од легендарниот „Остров со богатство“ му претходи дури дваесет години. Некои ликови кои се појавуваат во серијата навистина биле злогласни пирати, некои се плод на фантазијата, а заедно во „Црни едра“ сочинуваат незаборавна комбинација.

Не е лесно да се биде пират

За пиратите има добри и лоши денови. Лошите денови доаѓаат кога британската морнарица ќе почне да се враќа во Карипското Море и ќе се закани со истребување на пиратството. Капетанот Флинт се здружува со убавата Еленор Гатри (Хана Њу) и тие двајцата заеднички прават план како да дојдат до најголемата награда која ќе ги реши сите нивни финансиски дилеми засекогаш. За нивна несреќа, во играта има многу непријатели и други капетани кои одвај го чекаат неуспехот на Флинт, а тука е и младиот готвач Џон Силвер, кој ги поткопува плановите на својот капетан.

Дури 4,5 милиони гледачи по епизода

Во „Црни едра“ сите злосторници се на едно место, т.е. на палубите на своите пиратски бродови и со секоја нова епизода е сѐ побурно. Ликовите го прават тоа што мислат дека е најдобро во дадениот миг. Еднаш тоа значи дека ќе убијат некого што не треба, другпат дека ќе го предадат својот сојузник, а некогаш, едноставно, ќе му се приклучат на посилниот.

Пред две сезони, секоја епизода во просек ја гледале 4,5 милиони гледачи во дури 173 земји на светот. Ѕвезди на серијата, која веќе има две освоени награди „Еми“ се Тоби Стивенс, кој го игра харизматичниот капетан Флинт, Лук Арнолд, самотник кој поради сплет на околности станал бродски готвач, Зак Мекгован, кој го игра капетанот Чарлс Вејн, Хана Њу како доставувачка на стоки и ќерка на најбогатиот човек на Бахамите, а тука е и Џесика Паркер Кенеди, проститутка која ќе стане мадам во бордел.

Погледнете ја првате епизода на „Black Sails“ целосно бесплатно во MaxTV видеотеката преку Мени > Видеотека > Pickbox > Промо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...