Порното, Лос Анџелес и фините момци во него


Наслов:
The Nice Guys

Режија:
Шејн Блек

Сценарио:
Шејн Блек и Ентони Багарози

Улоги:
Рајан Гослинг, Расел Кроу, Енгори Рајс, Ким Бејсингер, Мет Бомер...

Времетраење: 116 мин

Година на издавање:
2016-та


Шејн Блек имаше само 22 години кога го продаде сценариото за Lethal Weapon и од него Холивуд направи цела мега успешна франшиза. Во 90-те Блек направи цела револуција во жанрот (со само 3 филма), а во новиот милениум се обиде да застане и зад камерата. Kiss Kiss Bang Bang и Iron Man 3 беа негови режисерски обиди во изминатава декада, но сега во 2016-та се врати со најновото дело The Nice Guys.



Во The Nice Guys Расел Кроу е „избацивачот“, Џон Хили. Платеник да претепува луѓе кој нема да го најдете ниту на платниот список, а богами ниту во „мали огласи“. Рајан Гослинг пак е Холанд Марч. Самохран родител на Холи (Енгори Рајс) и приватен детектив чија специјалност се случаите со старици како клиентки  кои ќе може да ги измамува до бескрај. По првичното „брутално“ запознавање, Марч ќе прифати да работи со Хили на нивниот случај. Да ја пронајдат исчезнатата Амелија Кутнер (Маргарет Квејли). Порно актерката и активистка која пак е ќерка на Џудит Кутнер (Ким Бејсингер) моќната „ѕверка “ во министерството за правда на САД. Тоа што ќе го откријат ќе ги изненади и двајцата.



Сместен во 1977-ма година, The Nice Guys е „љубовна поема“ од Блек до noir детективските крими мистерии со кои израснавме. Филм во кој не само што ќе најдете одличен дијалог, step by step откривање на истрагата (со едноставно следење на траги од детективите), туку и комплексен заплет со многу хумор. Хумор кој доаѓа од репликите колку што и од перформансите на ликовите. И таму, во ликовите ќе ја најдете препознатливата конекција на „buddy cop“ филмовите кои станаа препознатливи во кариерата на Блек, но сега со двајца од актерите за кои никогаш не ни сметавме дека е возможно да ни ги прикажат на едно место.

Хемијата меѓу Гослинг и Кроу е пулсирачка и покрај спротивните карактери кои Блек и Багарози им ги дале во сценариото. Кроу е стандардно одличен, но вистинското откровение во филмов е Голсинг. Кој да знае дека поседува дарба за комедија, и тоа генијална физичка комедија? Само погледнете ги сите акробации кои Гослинг ќе ги направи во 116-те минути. До крајот на годинава очекувајте номинација за Златен глобус за Канаѓанецот.  Рајан Гослинг е фантастичен комичен актер и The Nice Guys само го потврдува тоа.



Можеби како маана од Блек и Багарози е фактот што со комплексното водење на сторијата, тие се заплеткале во својата генијалност и запоставиле витален дел од крими приказната на The Nice Guys (мотивот за убиствата кој доаѓа од Детроит, а и самиот порно филм кој е дел од истрагата). Дијалозите од друга страна се апсолутно генијални, и покрај тоа што во подоцнежниот дел од дејствието има повторување на акциите од двајцата главни ликови.



Но, кога сме кај самите ликови, Марч и Хили се во центарот на сторијата, а Холи речиси во близина. Сите тројца се фантастични, а за секој од нив откриваме нови работи на различен начин. Преку Хили тоа е најчесто преку нарацијата од Расел Кроу. Тоа е лик кој „зборува“ претежно преку постапките, а Марч е комплетно спротивен. Тој дури ја има и ќерка си за откривањето на приватните детали. Деталите како вината за смртта на сопругата, алкохолизмот, неговата професија... Внимавајте добро на Холи, 13-годишната ќерка на детективот Марч. Можеби најчесниот, најоформениот, моралниот и интелегентниот лик од сите во The Nice Guys. Ова е филм во кој речиси сите ликови се фасцинантни, да нема забуна. Дури и тие како Амелија кои во обратниот случај на Холи повеќе слушаме за нив, отколку што го гледаме пред камерата.

Но, филмот на Блек е филм на кој му е потребно време да „порасне“ да се развие. Не е тоа лошо, но толку ретко ја гледаме веќе таа пракса, што искрено заборавивме како изгледа на филм. Ќе најдете долги сцени (навистина долги сцени) на една локација (куќа, хотел), одлична фанки музика од 70-те во нив, фантастична акција која не се базира премногу на CGI, а по пауза од 18 години (по LA Confidential) и повторно спојување на Ким Бејсингер и Расел Кроу во ист филм. Бејсингер како и Мет Бомер (во улогата на Џон Бој) се со мала минутажа и недоволно искористени од сценаристите. Недоволно за да остават поголем печат врз филмот со нивните минорни улоги.



Но, ако има еден лик кој е најамбивалентен и речиси пред распад, тоа е самиот град во кој се случува дејствието. Лос Анџелес. Пост Вотергејт, пост Никсон и пост рецесијата во САД, порно индустријата во овој град цвета, и е веќе дел од мејнстрим општеството, а тоа и ни е прикажано до самиот крај. Забележете дека воопшто нема голема разлика меѓу порно забавата на почетокот и забавата на авто-шоуто на крајот. Но, изненадувачки е колку добро функционира за двајца неочекувани партнери. Фините момци во овој град на „паднати ангели“.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...