ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА

Парите се чудовишта или тие кои ги имаат?

Наслов:
Money Monster

Режија:
Џоди Фостер

Сценарио:
Алан Ди Фиоре, Џим Куф и Џејми Линден

Улоги:
Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Џек О’Конел, Катриона Белфи, Доминик Купер...

Времетраење:
98 мин.

Година на издавање:
2016-та

Џоди Фостер е неоспорно една од најталентираните актерки на нејзината генерација. Двојна оскаровка и актерка со кариера во шоубизнисот од 50 години. Нејзината елеганција и талент пред камерата ни се добро познати, но дали знаете дека во изминатите 25 од тие 50 години, таа гради и режисерска кариера? Своето деби зад камерата го направи 1991-ва година со Little Man Tate, а сега во 2016-та година ни го претстави 4-то дело како режисер, Money Monster.



Џорџ Клуни во Money Monster е Ли Гејтс. Ексцентричен водител и на истоимената емисија од финансиски карактер, а Пети Фен (Џулија Робертс) е режисерот на самата емисија. Ден претходно инвестиционата фирма IBIS Clear Capital загубила 800 милиони долари и тие ја префрлиле вината за огромната загуба на „кикс“ во алгоритамот за тргување. Гејтс се обидува да го доведе директорот на фирмата Валт Камби (Доминик Вест) за интервју, но него никаде не можат да го најдат, па затоа Ли ќе добие неочекуван гостин во емисијата. Кајл Бадвел (Џек О’Конел) разочаран и гневен млад човек кој загубил 60.000 долари по киксот и е дојден да бара одговори. Тој е наоружан со пиштол и бомба во форма на елек, која ќе ја стави на телото на Ли и потрагата по вистината ќе започне.



Money Monster на Фостер е плиток во економското објаснување на проблемот, колку што е „длабок“ во талентот на актерската екипа. Всушност ова е просечен трилер за Фостер, кој е носен примарно на рамената на добрата глума од актерите. Сигурно не по напорот на тројцата сценаристи да направат брилијантно и исцрпно дело за алчноста и корумпираноста на „големите“ ѕверки на Вол Стрит. Всушност начнале повеќе теми и ги оставиле на половина пат. Меѓу другото и губењето доверба на јавноста во вистинското новинарство во САД и растот на entertainment телевизијата. Нешто за што сме секојдневно сведоци и навор од САД, да бидеме искрени. И самиот Гејтс е претворен во кловн во сопствената емисија, а уште на почетокот ќе видиме како Пети вели „Не работиме goctha новинарство. Всушност не работиме никакво новинарство“.



Но, ако во нешто сценаристите (а и Фостер зад камерата) успеале, тоа е обидот дејствието да го доближат до реално време, да не ги направат ниту Ли, а ниту Кајл негативци (а богами ниту жртви во приказната), а вистинскиот негативец да го претстават по речиси половина на дејствието.



Тоа што не успеале е да го одржат темпото низ сите 98 минути, а филмот „губи пареа“ во последните 20-на , т.е. откако Ли и Кајл ќе излезат од студиото. Сепак, таму Џоди го префрлила фокусот и на опкружувањето, на медиумската покриеност (со следење во живо на ТВ каналите и социјалните мрежи), а таму можете да видите и најмногу широки кадри, кои поради сетот во кој претходно се наоѓаа актерите не беа присутни. Но, за разлика од претходно (пред излегувањето надвор и влегувањето во Федералната зграда), можете најдобро да ги процените не само карактерите на сите ликови, туку и нивните врски. Пети е моралниот центар и „диригентот“ од студиото. Таа е разумот во главата на Ли, таа е смирена и темелна, а таква станува и директорот за комуникации на IBIS, Дајан Лестер (Катриона Белфи), дури одејќи наспроти наредбите и политиките на фирмата. Фасцинантно е што две обични жени ќе направат во овој филм нели? Дури и да се обидат во „истражувачко новинарство“.

Претходно можевме да ја видиме и врската на Пети со Ли. Нивното заедничко присуство пред камерата е минимално (само во 4-5 минути на почетокот), а во остатокот тие комуницираат со микрофон во увото на Клуни. Но, дури и во таа состојба, сфаќате колку тие имаат меѓусебна доверба и разбирање. Да, се задеваа претходно, но навистина Пети е во најголем дел одговорна за неговиот живот и тој го знае тоа.

Да, Клуни и Робертс се фантастични, но вистинското изненадување во поглед на перформансите пристигнува од Белфи и О’Конел. Младиот англиски актер прикажува не само фантастичен американски акцент, туку и зошто е еден од највозбудливите талентирани актери на неговата генерација. Тој успева да го довеле Кајл од екстремот на опасен и манијакален човек до жртва за која имате сожалување па дури и емпатија.



Но, сите суперлативи од актерите не можат да го спасат Money Monster. Тој за жал останува медиокритетно дело кое сака да укаже на современи финансиски проблеми а не успева. Но, можеби разочарувачки за сите кои ја сакаат и почитуваат Џоди како режисер, најдобриот филм режиран од Фостер останува нејзиниот првенец.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...