Многу малку магија

Наслов:
Now You See Me 2

Режија:
Џон М. Чу

Сценарио:
Ед Соломон

Улоги:
Џеси Ејсенберг, Дејв Франко, Марк Рафало, Вуди Харлисон, Лизи Каплан, Даниел Редклиф...

Времетраење: 129 мин.

Година на издавање:
2016-та година


„Четворицата јавачи “ од Now You See Me, изненадувачкиот хит од 2013-та година сега за второто продолжение се во малку поинаков состав. Но, тоа истото може да се каже и за самиот филм. Со нов режисер на местото на Луис Летеритер, нова актерка на местото на Исла Фишер и малку зголемен буџет, Now You See Me 2 пристигна во кино салите по 3 години од првенецот.



Една година по настаните од првиот дел „јавачите“ се трудат да останат подалеку од јавноста и чекаат нови инструкции од „Окото“. Како барани лица, тие се на мета на ФБИ, но нивниот „лидер“ Дилан Роудс (Марк Рафало) не само што ќе им даде нова задача, туку и нов член во екипата, Лула Меј (Лизи Каплан). Но, сепак нивната мисија ќе добие неочекувана траекторија и 4-та ќе завршат во Макао. Таму ќе го запознаат Валтер Маубри (Даниел Редклиф) технолошкиот тајкун и незаконскиот син на Артус Треслер (Мајкл Кејн). Валтер ќе ги уцени да украдат вреден чип за „крадење на податоци“ од Овен Чејс (Бен Лемб) неговиот екс пријател и партнер, сега претворен во ривал и непријател. Нема да бидел лесно, кој кого всушност ќе измами кого во процесот?



Now You See Me 2 започнува (преку флеш бек воведна сцена) со сеќавање на таткото на Дилан Роудс. Поточно неговата изненадувачка смрт за време на трикот кој требало да го претстави пред јавноста. Сеќавањето од таа ноќ уште го прогонува Роудс и во продолжението, но сега сеќавањето на „најголемиот магионичар на светот“ е развиено до степен на наследство. Наследство кое ќе го пронајде дури и во Макао, каде што и се случува голем дел од дејствието на вториот дел. И можеби тоа е под-тема која како нишка од филмот е носена до речиси самиот крај. Што за жал не може да се каже истото на пример и за деталите околу самата кражба, но и личните врски на новиот состав на „јавачите“. Иако гледаме инклинации на потенцијална љубовна приказна помеѓу Лула (Каплан) и Џек (Франко), таа е криминално неразвиена, а истото може да се каже и за братското „ривалство“ на Мерит со близнакот Чејс (двајцата портретирани од Вуди Харлисон). Врските меѓу ликовите се само начнати и оставени таму каде што се „загребани“. На површината.



Во аспект на комична потпора за самиот филм, да новиот лик е добредојден, најмногу бидејќи комичниот талент на Вуди. Да актерот е фантастичен и како злобниот Чејс, но ликот речиси и да не е потребен за филмот. Исто така забележително е намалено влијанието, а и присуството на Дени Атлас (Џеси Ејсенберг) во вториот дел. Тој како да е заборавен од сценаристот Соломон, но нема негирање дека Соломон, а и остатокот од екипата се потпреле повторно на хемијата помеѓу актерите како целина. Таа најдобро функционираше во првиот дел, а дури и со додатокот на новата дама, хемијата (која е најголем адут) помеѓу четворицата совршено функционира  и сега.



Но, самата кражба на која ќе бидат принудени „јавачите“ во Макао е предолга. Да секако таа е маестрално снимена благодарение на одличната монтажа од Стен Салфас, и имагинативната режија од Џон Чу, па тие две компоненти придонесуваат да не забележите дека предолго се одоговлекува климаксот на истата. Кога сме веќе кај сцените со акција, кражби и возбуда, а кои помагаат да се одржи темпото кај гледачот во Now You See Me 2 на долги патеки, тие се премалку, а вниманието кај гледачот трпи поради тоа.

Продолжението е „тенко“ на акција, со многу дијалози и сцени без никакви премногу детали во врска со мисијата на „јавачите“ надмудрувањето, интригите па дури и самите трикови. Да секако последниот трик во приватниот авион на Темза е солиден, но не доволно за да го направи позводбулив „патот“ до самиот крај на филмот.



Лизи Каплан е освежувањето во актерската екипа, и можеби единствената која се истакнува од „јавачите“ во перформансот. Морган Фримен е повторно маестрален како и секогаш, но Артур Треслер, ликот на Мајкл Кејн е претставен прекратко при самиот крај на филмот. Даниел Редклиф дури и со улогата на технолошки гениј која му е дадена од сценаристот Соломон, е разочарувачки негативец, но тој е само дел од проблемот. Now You see Me пати од синдромот на „премногу карактери“ премногу обвинувања за „предавства“ меѓу ликовите кои го гушат филмот, а и самото дејствие.

Чу во режијата а и Каплан во актерската екипа се немоќни да го спасат второто продолжение на Now You See Me. Да тоа е гледливо, на моменти и возбудливо, но чекувавме многу повеќе магија пред и зад камерата. Добивме „ефтини трикови“ а не магија.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...