The Mechanic беше изненадувачкиот хит за Џејсон Стејтам во 2001-та година. Сепак, сега по пауза од 5 години, пристигна и второто продолжение. Mechanic: Resurrection го има Џејсон повторно во главната улога, таа на „механичарот“/платен убиец Артур Бишоп.
Бишоп во Mechanic: Resurrection има и партнерка (портретирана од Џесика Алба) која ќе биде киднапирана, а самиот Бишоп уценет да изврши три убиства, кои како и минатиот пат треба да изгледаат како „несреќи“.
Покрај Џејсон и Џесика во останатите улоги ќе ги видиме и Томи Ли Џонс, Мишел Јео, Сем Хазелдин, а на местото на Сајмон Вест зад камерата сега за Mechanic: Resurrection застана Денис Гансел.
Премиерата на Mechanic: Resurrection е закажана за 26-ти август, а до тогаш погледнете го првиот трејлер.