Светот е повторно спасен

Наслов: Independence Day: Resurgence

Режија:
Роланд Емерих

Сценарио: Емерих, Дин Девлин, Николас Рајт, Џејмс Вудс, Џејмс Вандербилт

Улоги:
Џеф Голдблум, Маика Монро, Лијам Хемсворт, Бил Пулман, Села Вард, Брент Спинер...

Времетраење:
120 мин.

Година на издавање:
2016-та

20 години по настаните од првиот обид за екстра терестијална инвазија врз Земјата, светот е обединет и подготвен за нов потенцијален напад. ОН го создале ESD (Earth Space Defense), заедничкиот одбранбен систем и сите се на готовс. Како дефанзива за потенцијалната закана се воените бази поставени горе на Месечината, Марс и Реа (една од месечините на Сатурн), а доле на Земјата, САД имаат жена претседател. Елизабет Ланфорд (Села Вард).



Дејвид Ливингстон (Џеф Голдблум) сега во Resurgence е одговорен за Area 51 (централа на ESD). На почетокот од филмот тој во Африка ќе пронајде вселенски брод оставен од пред 20 години. Тој испраќа сигнал иако е неоперативен и ќе биде само дел од проблемот што ќе настане кога огромен вселенски брод на матицата вонземјанин ќе пристигне на Земјата и во Атлантскиот океан ќе започне да го дупчи тлото за да стигне до јадрото на планетата. Воените пилоти Џејк Морисон (Лијам Хемворт), Дилан Хилер (Џеси Ашер), Рејн Лао (Ејнџелбејби) и Чарли Ритер (Тревис Тоуп) заедно со штотуку освестениот (по 20 години поминати во кома) Доктор Брекиш Окун (Брент Спинер) ќе се обидат да спречат нова деструкција. Дали ќе успеат?



Independence Day: Resurgence е типичен пример за мегаломанијата, декаденцијата, екстраваганцијата и раскошот која визуелно Холивуд може да го стави во еден филм, но во исто време и да му ја изварди сржта, забавата, значењето и секоја порака која сака да ја упати до публиката. Да, визуелно Resurgence е речиси совршен. Иако пренатрупан, визуелните ефекти, изгледот на вселенските бродови и самите воздушни борби на пилотите се одлични и покрај генеричниот изглед на општеството во кое луѓето живеат 20 години подоцна.

Секако тие се поголеми, посовремени и повеќе комплицирани. И иако Емерих и тимот зад филмот сметале дека самите иновации во технологијата ќе бидат доволни да ни го задржат вниманието, заборавиле на нештата кои го направија првиот Indepencence Day забавен класик. Хуморот, интеракцијата меѓу луѓето и фактот што не се сфаќаше сериозно. Последното го направи и хит на средината на 90-те. Од друга страна пак и покрај тоа што ни е постојано потенцирано обединетото човештво, многу малку гледаме од него во новата и подобрена Земја. Претседателите на ESD кои треба да бидат од повеќе велесили, сега ни се претставени само во неколку сцени и сите одлуки за спасот на светот повторно ги донесуваат претседателите на САД (да тука ги има неколку).



Митологијата за која истражува Кетрин Марсо (Шарлот Гинсберг) е недоволно објаснета и оставена на површината, а истото е направено и со научниот дел кој треба да доаѓа од Левингстон и Окун. Особено разочарување е ликот на Левингстон кој сценаристите го направиле неинспиративен и емотивно празен, чиста спротивност од тоа што беше истиот лик пред 20 години. Од актерите кои повторно се во франшизата, Вивика А Фокс е речиси отсутна, а Џуд Хирш и неговиот многу постар лик Лео (таткото на Дејвид Левингстон) сега е претворен во неагресивна верзија на тој од Ренди Квејд во првиот дел. Бил Пулман од друга страна е трауматизираниот екс претседател Витмор и бледа сенка од решителниот и бестрашен Врховен командант. Сепак, дури и во таа состојба Пулман ќе успее да ни прикаже полупристоен и полуинспиративен говор како што го направи тоа во првиот дел. Не е восхитувачки како во првиот дел, но барем го има и тоа е едно од повторувањата (кои исто така ги има во изобилие), а кои барем вредат повторно да ги видиме.



Од новајлиите, Лијам Хемсворт, Маика Монро и Џеси Ашер се донесени за привлекување на младата генерација од публиката, (бидејќи сега во екипата го нема Вил Смит), но разочаруваат во перформансите. Фасцинантно е колку недостасува хемија и конекција помеѓу сите нив. Тажно затоа што Џејк и Патрисија треба да се во врска, а сите три ликови од актерите треба да се познаваат долго пред да започне дејствието на филмот, а ако не ни го кажат тоа (во повеќе наврати) ние од нивните перформанси нема да знаеме. Втората причина за тоа е и што како и сè останато во филмот и нивните ликови се неразвиени, пребрзо ни се претставени, а самото инволвирање во дејствието е на моменти речиси и непотребно агресивно.



„Имавме 20 години да се подготвиме. И тие имаа“. Тоа се речениците кои ќе ги најдете на постерот од Independence Day: Resurgenе. Да, значењето се однесува за дејствието на филмот, но едноставно не можете, а да не направите споредби со впечатоците по гледањето на филмот. 20 години за Independence Day: Resurgence и ова е конечниот резултат?

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...