Ексклузивна премиера на новата мини серија „По една ноќ“

Home Box Office, водечката премиум телевизиска мрежа со гордост ја најавува ексклузивната премиера на новата HBO криминалистичка минисерија „По една ноќ“ (The Night Of).

Новата HBO минисерија во осум дела ги истражува мрачните агли на правосудниот систем во Њујорк, каде еден млад Американец со пакистанско потекло се соочува со докази дека убил една млада девојка.

Во „По една ноќ“ се дава еден современ поглед на криминалот, на пресумпцијата на невиност и на урбаниот затворски систем, прикажувајќи го заплетот во еден сложен случај со убиство во Њујорк, со приказ на културните и политичките влијанија. Серијата „По една ноќ“ се одвива во текот на осум мачни часа, прикажувајќи им на гледачите еден нов приказ на криминалистичкиот драмски жанр преку еден случај на убиство и разните гледни точки во него. Во серијата игра Џон Туртуро во улога на адвокатот на одбраната, како и Риз Ахмед во улога на неговиот млад клиент, Американец со пакистанско потекло. Приказната се фокусира на бруталното убиство на една млада жена од Менхетен и се прикажани првичната полициска истрага, апсењето, притворањето на главниот осомничен, симпатичен, обичен студент, кој заедно со неговото семејство е втурнат во амбисот на кривичниот правен и казнен систем на Њујорк. Во меѓувреме, неговиот адвокат, кој има среќа да работи на најголемиот случај во својот живот, се вплеткува во мрежа на сложени правни маневри од страна на детективите и противничките адвокати кои ја поткопуваат неговата способност да го води случајот.

Серијата е работена според сценариото на Стивен Зејлијан (добитник на „Оскар“ за „Шиндлеровата листа“) и на Ричард Прајс („Нарко-мрежа“, номиниран за „Оскар“ за адаптираното сценарио на „Бојата на парите“). Во главните улоги покрај Тортуро ќе ги видиме и Риз Ахмед, Мајкл Кенет Вилијамс, Бил Камп и Џени Берлин.

„По една ноќ“ ќе биде достапна за сите корисници на Max TV без разлика на тоа дали се претплатници на HBO пакетот или не. Првата епизода од серијата ќе имате можност да ја погледнете во понеделник 11.07.2016-та со почеток од 20 часот на каналот 550.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...